Европскиот суд за човекови права ја осуди Украина поради третманот кон Јулија Тимошенко, која е осудена на седум години затвор од октомври 2011 година поради злоупотреба на службена функција.
Затворањето на 52- годишната политичарка, своевремено лидер на украинските продемократски сили од “портокаловата револуција” во 2004 година, судот го смета за незаконско и самоволно.
Утврдено од Стразбург е дека биле направени и четири повреди од страна на Украина против основните права на Тимошенко, но ги отфрли жалбите за лош третман во затвор.
Тимошенко тужеше поради затворските услови и ја обвинува Украина дека казнената постапка против неа била политички мотивирана.
Украина е една од земјите членки на Советот на Европа и потписник на Европската конвенција за човекови права. Со тоа оваа источно-европска земја е обврзана да се придржува кон пресудите на Судот од Стразбург.