Влошувањето на политичката криза е алармантно, предупредува АЛДЕ, Либералната група од Европскиот парламент (ЕП) преку изјава на претседателот на партијата и поранешен белгиски премиер Ги Верхофштад и потсетува дека објавените снимки на опозицијата откриваат како премиерот и министрите кажувале какви одлуки треба да донесат судовите.
Македонија влегува во политичка криза па лидерот на либералите од ЕП вели дека е особено важно да се спречи влошување на ситуацијата по масовните протести на улиците во земјата.
“Влошувањето на политичката криза во поранешната југословенска Република Македонија и широките протести во целата земја е алармантно. Им давам целосна поддршка на тројцата европски пратеници – Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит – за да се олесни дијалогот помеѓу главните политички партии. Повеќе нема време! Политичките лидери мораат да отпочнат конструктивен политички дијалог, да придонесат да се воспостави правната држава и да се врати довербата во институциите„, вели Верхофштад.
Според него, сосема е јасно дека е неопходна независна истрага по скандалот на телефонските прислушкувања. Само на тој начин Македонија ќе може да го задржи својот реформски напредок и својата евро-атлантска интерграција.
Иво Вајгг, Словенецот кој е дел од парлематрната тројка на олеснувачи и кој доаѓа од либералната група, вели дека “со секој нов ден политичката криза се комплицира и ја става во опасност стабилноста на земјата и на регионот. Потрагата по компромис кој ќе може да го гарантира пред се интресот на земјата е далеку позначајна од интересите на политичките партии„, вели Вајгл.
Тој бара од политичарите да бараат решение кое ќе се заснова на “почитување на правната држава и демократските норми на ЕУ на која Македонците сакаат да и се придружат„/ вели Вагјл.
Реакцијата на Либералната партија на ЕП потсетува дека на снимките кои ги објавува опозицијата во кои се откриваат разгвори помеѓу Премиерот, министрите, тајните служби, обвинителите и судиите за начинот на кој судовите треба да одлучуваат и пресудуваат.