Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европските либерали со итен план за решавање на бегалската криза

0
By Светлана Јовановска on January 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Итно и брзо решавање на бегалската криза во рок од само неколку месеци со што ќе се спаси Шенген а Грција и Македонија ќе можат да здивнат.

Ова треба да биде резултат на примената на планот за брзо решавање на бегалската криза што го предлага поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад и сегашен претседател на групата на либералите во Европскиот парламент (ЕП).

За првиот човек на европските либерали планот на Европската комисија (ЕК) затворање на границата помеѓу Македонија и Грција не е добра идеја исто како што не е добра идеја било кое затворање на граница. Не се добра идеја ниту заканите на ЕК кон Грција дека земјата би можела да биде изолирана. За Верхофштад, отворањето бегалските кампови. каде и да е, е сосема невозможен потфат бидејќи ЕУ е потписник на повеќе меѓународни конвенции кои тоа го забрануваат.

Не е добар ни планот на холандското претседателство кој предвидува враќање на бегалците од Грција со брод во Турција, вели Верхофштад.

Либералите предлагаат итен план од 7 мерки кој би требало да биде усвоен на 18 февруари од страна на Европскиот совет. Најважното од се е што за овој план не е потребно усвојување на никакви закони ни регулативи и тој веднаш може да почне да применува.

Така, треба веднаш да се креира Брза европска сила за бегалци со 2.000 граничари од земјите членки. Ова го овозможува членот 78.3 од Европската повелба и оттука не се потребни дополнителни закони.

Првата задача на овие 2.000 луѓе би било менаџирање на турско-грчката граница, стопирање на бранот бегалци кои од Грција доаѓаат на македонската граница, регистрирање на бегалците и овозможување на пристојни услови на живот за бегалците.

За сето ова е потребен буџет и планот предвидува петократно зголемување на финасиите за заштита на границите и зголемување на буџетот на ЕУ за бегалците. Од тие пари 2 милијарди евра треба да се испратат директно во бегалските кампови во Турција и да дојдат во рацете на бегалците а не на турската влада, една милијарда за Високиот комесаријат за бегалци на ООН за подобрување на животните услови во камповите и образование за децата.

Итно е да се реши кризата, велат европските либерали кои констатираат дека оваа криза го зголемув евроскептицизмот во ЕУ но и екстремната десница.

Поранешниот белгиски премиер во од понеделник планот ќе им го претстави на холандското претседателство со ЕУ и на Европската комисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.