„Ги препознаваме тешките компромиси предвидени во овој компромис, кој го признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик“, соопшти Стејтдепарментот.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави одлуката на македонскиот парламент по изгласувањето на предлог заклучоците за францускиот предлог.
„Честитки за Северна Македонија за гласањето што сега го отвора патот за брзо отворање на пристапните преговори. Ова беше историска шанса. И вие ја зграпчивте. Голем чекор на вашиот пат кон европска иднина. Вашата иднина“, напиша на Твитер, Урсула фон дер Лајен.
Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на Собранието на Северна Македонија да ги преземе следните чекори за пристапниот пат кон ЕУ, пишува државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во писмена изјава.
–Ги препознаваме тешките размени направени во овој компромис, што го признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик, се вели во изјавата.
Блинкен додава дека оваа одлука доаѓа во критичен момент за Северна Македонија, Западен Балкан и Европа.
– Европската Унија која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и Северна Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Сега е време да се изгради моментум и да се работи на следните чекори, додава тој.
И Шарл Мишел и Оливер Вархеји го поздравија гласањето и порачуваат дека со тоа се зацврстува европскиот пат на земјава.
„Ова е суштински чекор на земјата и за ЕУ. Нашата иднина е заедничка и ве чекаме со отворени раце, напиша на Твитер претседатeлот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
🇲🇰 Congratulations to North Macedonia on the vote that now paves the way for opening the accession negotiations rapidly.
It was a historic opportunity.
And you seized it.
A big step on your path towards a European future. Your future.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 16, 2022