Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европските социјалисти со поддршка за СДСМ пред изборите

0
By Влатко Чаловски on October 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зборувајќи пред лидерот на СДСМ, Зоран Заев, највисоките претставници на партијата и членството, тројката Ричард Ховит, Кен Хорстет и Џакомо Филибек на денешниот Конгрес на социјалдемократите им изразија поддршка за претстојните избори во декември.

Поранешниот известувач за Македонија, пратеникот во Европскиот парламент, Ричард Ховит, смета дека глас за СДСМ на следните избори, е глас за иднината на граѓаните.

„Глас за СДСМ претставува глас за образование, глас за работни места, глас за подобрување на животниот стандард…глас за партија која сака да ги зближи граѓаните без разлика на нивните различности“, порача Ховит, дополнувајќи дека е горд на начинот на кој лидерството на СДСМ се справило со политичката криза во Македонија.

„Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, внесовте боја во македонската политика“, им рече Ховит.

Европскиот пратеник апелираше и до сите партии да се држат до договореното од Пржино за да се истражат индициите за злоупотреби бидејќи како што вели, Европа сака да биде партнер на земја која ги споделува заедничките вредности. Пратеникот на Кралството Шведска, Кен Хорстет, на Конгресот се осврна на моделот според кој неговата земја е една од најбогатите во светот денеска.

„Успеавме бидејќи не оставивме никој зад нас, тоа е духот на социјалдемократите и затоа денес сме една од најбогатите земји. Стоиме зад СДСМ, стоиме зад Специјалното јавно обвинителство, не смее да има притисок во истрагите на СЈО“, порача Хорстет.

Зборувајќи пред присутните пак, заменик генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти, Џакомо Филибек, иронично порача дека контроверзниот Силвио Берлускони во споредба со екс премиерот Никола Груевски е аматер.

„Видов во минатото многу пари потрошени на непотрбни работи. Скандалот со прислушувањето покажа дека институциите кои треба да ги штитат правата на граѓаните – самите ги прекршиле. Тоа не го очекувавме од една европска земја. Силвио Берлускони е аматер во споредба со Никола Груевски“, рече во својот говор Филибек.

Конгресот на СДСМ е во тек, на кои обраќања се очекуваат од раководните структури на партијата и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

zoranzaev1

Присутни се 539 делегати, односно 74 отсто од вкупниот број делегати на партијата, како и екс лидерот а партијата Бранко Црвенковски.

branko

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.