Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европското ЈО покрена дисциплинска постапка против својата обвинителка Теодора Георгиева

0
By Marija Todorovska on September 26, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Веб сајт european public prosecutor's office
Фото: Веб сајт european public prosecutor's office
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европското јавно обвинителство соопшти дека покренало дисциплинска постапка против својата членка од Бугарија, Теодора Георгиева, врз основа на резултатите од повеќемесечната внатрешна истрага за прекршување на правилата на институцијата од нејзина страна.

Главниот европски обвинител ги информираше Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија дека Колеџот на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) одлучи да покрене дисциплинска постапка против бугарскиот европски обвинител, се наведува во соопштение на Обвинителството, чие седиште е во Луксембург.

Во соопштението се посочува дека за време на дисциплинската постапка нема да бидат објавени никакви детали или дополнителни информации за случјот. Во него се додава и дека без да биде нарушена презумпцијата на невиност, Георгиева ќе остане под суспензија за време на траењето на дисциплинската постапка.

Георгиева беше суспендирана од вршење на должноста во март годинава кога Европското јавно обвинителство започна административна истрага против, врз основа на, како што беше посочено, анонимни дојави и видео снимки за нејзини наводни средби со „добро позната личност од криминалните кругови“ во Бугарија.

Според наводите, по овие средби Георгиева решила да се повлече од истрагата за сомнежите за потенцијална корупција и изнуда при реализацијата на проектот за обнова на најголемото складиште за гас на Балканот во местото Чирен во северозападна Бугарија.

Истрагата за обновата на складиштето во Чирен започна во август 2024 година, откако Европското јавно обвинителство доби информации од „свиркачи“ за неправилности при реализација на проектот и потенцијален ризик по објектот. Врз основа на овие информации европските обвинители извршија претреси во бугарската државна енергетска компанија „Булгартрансгаз“.

За обновата на складиштето во Чирен беа издвоени 78 милиони евра од Европската агенција за клима, инфраструктура и животна средина (ЦИНЕА).

Георгиева изјави дека се повлекла од истрагата за Чирен затоа што „се чувствувала загрозена“ од бугарскиот пратеник, олигарх и лидер на Движењето за права и слободи (ДПС), Дељан Пеевски.

Пеевски, кон кого САД и Велика Британија имаат воведено санкции поради сомнежи за вмешаност во корупција, тогаш ги отфрли наводите на Георгиева.

Обвинителството во соопштението додава и дека одговорноста за проценка на дисциплинската постапка е на Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија.

Независноста без сомнение е суштински услов за првичното назначување на европски обвинители и за нивната способност да ги извршуваат своите должности за време на нивниот мандат, се нагласува во соопштението на Обвинителството.

Инаку, ова е прва дисциплинска постапка покрената против еден обвинител или обвинителка од Европското јавно обвинителство од почетокот на неговата работа во јуни 2021 година.

Канцеларијата на европскиот јавен обвинител е независно јавно обвинителско тело на Европската Унија, одговорно за истражување, гонење и покренување судски постапки за кривични дела поврзани со финансиските интереси на ЕУ. Европските обвинители ги назначува Советот на ЕУ.

ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.