НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фабрика за митови

0
By Нова ТВ on December 8, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ФАБРИКА ЗА МИТОВИ

Ристо Лазаров на Св. Климент, 2013

Митови имало отсекогаш, само што денес, во Транзицијата се некако поизопачени, подречливи. Им личат сите бои, макар што мнозина мислат дека најубава одора за митовите се прави во жолто-црвена боја. Може и во сина. Може и во која било. А општо е познато дека има и безбојни митови.

На еден народ кој го произвел митот дека е библиски народ и му прилега да има секакви митови. Поначесто, всушност – никакви. Се разбира дека има и такви кои подолго паметат, кои спомнуваат и совест и грижа на совест, ама нив ги праќаат на шишање. Боговите ниту чуле, ниту сакаат да чујат за грижа на совеста.

На секое ќоше никнуваат индустриски зони, во индустриските зони фабрики за митови, во фабриките производители на митови, пред фабриките цели транспорти со шиткачи на митови. Се шиткаат вештачки, пластични митови, самопрогласени митови, буџосани корени на цареви, кралеви, принцови.

Никој од нив нема круна, ама има колоритна митолошка скаска. Митот за корените е како топол јорган среде зима: кој ќе се покрие преку глава, ќе има слатки и тврди соништа, преслатки. Со вкус на стратешко партнерство.

Моментно, под полна пареа во сите фабрики за митови се прават делови и делчиња од коишто треба да се создаде големимот мит за Херакле. Лека-полека се ближи крајот на дефинитивната монтажа. Ене го, веќе подава глава Керберот, последното искушение на Херакле на летот кон митолошкото небо.

Во фабриките за производство на митови одвреме навреме припомагаат прочуените транзициони лустратори. На еден од нив името му асоцира на библиско неверување (неверство) ама тој е прв кој им верува на капките ‘рѓав дожд што му потскокнуваат по ќелавицата.

Неверниот, изврнат од ‘рѓосан дожд, измисли нов лозунг: Керберот не да ти бил, всушност, чувар на царството на мртвите. Напротив: немирно буричкало баш во царството на мртвите, протегало на коските на мртвите. Неверниот си го думка Керберот, за полесно да му го стивне ‘ржењето пред буричкалата по коските на мртвите.

Неверниот не е по книгите, кој видел аир од книгите, ама некој му раскажал дека во книгите за Херакле пишува дека Керберот се поткупува со мед. Колај работа! Поситни ѕверки се поткупувале со многу покрупни работи, а не пак да се жали тегла мед за Керберот.

Она што ќе остане на дното на теглата, ќе го излиже Неверниот. Керберот најаден со мед станува весел вртиопашко, а Неверниот и пред да го излиже она што останало на дното на теглата, веќе го стекнал меѓународното признание на вртиопашко и подлизурко.

Неверниот кога бил млад, не бил на младинска работна акција. Таму сигурно би бил главен трасер на патот кон пеколот. Но, никогаш не е доцна за пеколот – и со трасиран пат, и со козјо патче. Неверниот сега е висококвалификуван трасер за пеколот и воопшто не помислува дека одамна, многу одамна во пеколот му чуваат место на почесната трибина. Кога тогаш, ќе си дојде сé на свое место.

И народот на кого сега му е доделена улога на риба на суво, ќе си дојде во својата природна состојба. Неверниот ајде, ама само ептен неукиот може да си смисли цел народ вечно да биде риба на суво.

На инжењерите (и оние на душите) во фабриките за митови им е совршено јасно дека секој не може да биде Херакле. И еден е многу и тој треба да биде направен од волшебен и цврст материјал, од кој има голем дефицит. Не баш радо, ама инжењерите се принудени да ја прифатат логиката: каков материјал – таков Херакле. После нешто може ќе се надомести со дување балони. По секое дување – напредок и милина.

Има Кербери што баздат на десетка со кромид. Барабар со локалните полухерои, кои се плашат и да помислат на Херакле. Има и еден таков што си мисли дека е директен потомок ба Херакле, ама тој воопшто не се разбира во митологија. А сече, око да не му трепне, ленти при свечените отворања на нови и нови фабрики за митови. Запаметил дека Стив Ривс е Херакле. Е, ама од холивудската митологија. Таму се произведуваат пластични. веќе и компјутерски митови, има и бескрајни ловишта на лажни митови.

Во таквите ловишта и оној Прометеј, кој благовремено бил предупредуван да биде претпазлив, да не брза. Оти се паметат и некои избрзани востанија. Со ништо не требало да се брза, а најмалку со огнот. Како велеше еден нашински главатар: крачка по крачка. Само, Прометеј бил презафатен со здиплувањето на огнот, онаму, горе, на Кавказ, па не чул ништо за крачка по крачка. А и да чул, ќе се скинел од смеење. Како што се правел наглув кога му велеле дека слободата не се подарува за роденден, онака набрзина застанувајќи кај некоја цвеќарница. Слободата се освојува.

Што не му прават на Прометеј, ама тој не ја открива тајната на Боговите. Ако биле милосрдни боговите, немало нивни пратеници да му го исколваат џигерот: а зуцна, а притвор, процес, како тоа веќе го викал оној мрачен Кафка кој никогаш не им бил љубимец на боговите.

Прометеј си мисли дека не е покусо од Херакле, ама злобниците му префрлуваат дека тој сепак бил крадец на огнот. И тоа, се гледа, речиси бадијала: да се греат дрвокрадците, да се варат манџи. Добро де, декоративно да светнува и по некој камин, околу кого се води немушта дебата за (не)оправданоста за крадењето. Пламтат митови, стари и нови, за корисни кражби.

Од многу митови, на народот, особено ако е гладен, му се зградува, го тера на блуење, а нема што да се блуе. Малодушност од која не се раѓа само малодушност. Многу локални митолошки полујунаци го почувствувале тоа. На ред ќе дојде и Неверниот. Ќе го снема во маглите на реалниот живот.

Митото го туркаат да стане мит, ама се опира. Митото не е мит, ами гола, сурова реалност. Три смени, реално. Не пропагандни пароли.

Мисирите не спаѓаат во митолошките јата. Тие се за божиќни залажувања. А потем, а потем – ќе спласне ли чешањето на вештачки ситите мешиња? Ќе издишат ли вештачки набилдираните митолошки мускули?

И да не се заборави: Керберот сака мед и думкање, ама бесконечноста му е здодевна.

Тешко се одгатнува звучи ли шегобијно гласот што низ шепот прашува: море Херакле и Керберот да не се споени во еден шејтан, што се топори тука, пред наши очи?

А и оној Прометеј, час без гаќи час со гаќи, штотуку загадочно се потсмевнува?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

ВЕСТИ August 16, 2025

 Благодарејќи на визијата на нашите државници од деведесеттите години, кои знаеја да ја проценат сложената…

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.