Никола Поповски: Од најбогатите 10 луѓе во светот, дури 9 (Musk, Bezos, Zuckerberg, Ellison, Gates, Page, Brin, Buffet, Ballmer) се збогатиле почнувајќи од нула со своја новоформирана компанија (start-up) од кои 8 се во т.н. високо-технолошки компании, односно во бизнис со дигиталните технологии. Деновиве се објавија странски проценки (иако сериозно неточни) за 10-те најбогати Македонци. Сите компании се во традиционалните дејности од металургијата, индустријата, енергетиката (стопанско – технолошка структура стара 80-120 години) и (најважното!!!): сите тие „богати Македонци“ (со еден исклучок) се од старите добри социјалистички компании што тие или нивните татковци ги приватизирале во минативе 33 години. Новоформирана компанија (start-up) во т.н. технолошки сектор, односно во бизнис базиран на дигиталните технологии? Што беше тоа? По Македонија се` уште се движат економските диносауруси.