Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Факултет за работи што не се учат со Јовановски и Васева

0
By Нова ТВ on June 8, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

 

 

 

Здружението за култура и уметност ФРУ – ФАКУЛТЕТ ЗА РАБОТИ ШТО НЕ СЕ УЧАТ (Битола/Скопје) деновиве има свое претставување во рамки на две интернационални конференции, едната во Љубљана од 5-8 јуни насловена „FLANDERS BALCAN EXPRESS CARAVAN“ која e во организација на платформата за современи перформативни практики БУНКЕР од Љубљана и Фламанскиот институтот за  уметност од Брисел на тема Уметничката продукција и работните услови на современото граѓанско општество во Европа.

Во Љубљана денес, на 7 јуни, за условите на продукција на уметност како и начините во кои современата независна културна сцена успева да преживее во време на политичка криза со фокус на фестивалот за современа уметност АКТО, ќе зборуваат Ивана Васева, кураторка, и Филип Јовановски, визуелен уметник и граѓански активист.

Тие ќе учествуваат во панелот со наслов Уметноста и културата во време на националистички и неолиберални времиња, каде ќе ги претстават последните изданија на нивниот долгогодишен проект –  АКТО фестивалот за современи уметности кои го курираат заедно, како и едукативнот кураторски проект на Васева, СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК, со што ќе го отворат прашањето што значи да се продуцира уметност во националистички културен контекст во Македонија изминатите десетина години, кога голем дел од прогресивното граѓанско општество беше стигматизирано и напаѓано од властите.

На 9-ти јуни пак, во рамки на интернационалната конференција ВРЕМИЊА НА ОТПОР, во склоп на панелот „Низ целата Европа никнуваат нови движења, зошто? Во кој политички контекст? Анализа и критички осврт на нколку граѓански движења“, модериран од Борка Павиќевиќ и Александра Секулиќ, ќе зборува Филип Јовановски, со фокус на уметничкиот активизам и формите на отпор низ култура и уметност и тоа низ примерите на Шарена револуција, референдумот во одбрана на градски трговски центар ГО САКАМ ГТЦ како и неговиот долгорочен социјално – уметнички проект, КУЦ (културно уметнички центар) ТЕКСТИЛ-Штип.

Организаторот на настанот, Центар за културна деконтаминација од Белград е една од најзначајните независни институции од областа на културата во Србија, формирана во 1995 година како  независна и непрофитна институција од областа на културата која сопствената општествена одговорност ја развива низ проекти кои се борат за зачувување на јавното дообро и јавниот ангажман и стимулирање на политичката борба за општествена кохезија, интервенирајки првенствено во областа на уметноста образованието и културата.

Линкови:

Početna

http://www.bunker.si/slo/

http://www.akto-fru.com/

 

Ивана Васева (1984) курира, организира и менаџира програми и активности во полето на современите визуелни уметности и интердисциплинарни практики, постојано истражувајќи нови форми на продукција и презентација. Живее и работи во Скопје, заедно со Филип Јовановски ја раководи организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат. И двајцата работеле на курирање на последните четири изданија на АКТО фестивалот за современи уметности, кој постои веќе 11 години.

Во моментов Васева курира интернационална дискурзивна, образовна програма поврзана со наградата за млад визуелен уметник – ДЕНЕС, и два истражувачки и контекстуални мултимедијални проекти кои се занимаваат со модернистичкото и антифашистичкото наследство, и се обидуваат да го истакнат нивниот политички потенцијал во денешната јавна сцена.

Курирала и ко-курирала неколку изложби во Скопје, Битола, Тирана, Белград, Каиро и Амстердам и ги презентирала проектите и активностите во Европа и САД.

Дипломирала историја на уметност во Скопје, и била дел од кураторската програма во De Appel Arts центарот во Амстердам.

Добитничка е на наградата Ладислав Баришиќ, која ја доделува АЈКА Македонија, за истражувачкиот проект „Колективна акција како политичка, а не организациска одлука“, заедно со Филип Јовановски.

————-

Филип Јовановски (1979) е визуелен уметник и граѓански активист. Дипломирал на факултетот за архитектура во Скопје, и моментално е на постдипломски студии на катедрата за сликарство, при факултетот за ликовна уметност во Скопје.

Јовановски учествувал во групни изложби во Скопје, Загреб, Познан, Сарајево, Тирана, Њујорк, итн, и имал самостојни изложби: Не зјапајте толку романтично (2011) Прима Центар, Берлин; Одлука (2010) и Три лесни парчиња: Предлог за опера во 3 чина (2012), Дом на култура, Битола; Силата на спартакистите или Моќта на љубовта (2014) Отворено графичко студио, Скопје.

Во 2013 бил добитник на наградата за млад визуелен уметник Денес.

Неговите дела се во полето на интердисциплинарни истражувачки проекти кои користат кураторски пристап и ја претставуваат трансформацијата на политичките и општествени категории во просторни слики.

Почнувајќи од 2007, тој е уметнички директор на фестивалот за современи уметности АКТО во Битола. основач на неколку други неформални граѓански иницијативи.

 

Здружението за култура и уметност ФРУ – Факултет за работи што не се учат функционира како платформа за проекти од областа на современата култура и уметност, со фокус на продукција на настани чија цел е да создадат критички однос и активно учество на граѓаните во креирањето на јавниот ангажиран политичко – социјален и уметнички дискурс во заедницата. Една од главните активности на ФРУ е АКТО фестивалот за современа уметност во Битола кој се организира од 2006 год. како најобемна активност на организацијата ФРУ. Организацијата во своето 15 – годишно постоење била член на неколку регионални платформи од областа на современата култура и уметност како и соработувала на интернационални проекти и фестивали како фестивалите Перфрације (Загреб) и Culturscapes (Базел), регионалните мрежи BCC / balcan can contemporary и Urban Hum, и регионалните проекти Слушајќи ја публиката, ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност, If buldings could talk и други.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

ВЕСТИ October 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот…

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.