Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фантомска фирма за лифтови добила околу 90 тендери, најмногу во јавни институции, Антикорупциска бара експресна истрага

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 15, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Непостоечка фирма во Скопје, со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година има добиено најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства.

Ова е предмет што на денешната седница го образложи Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од каде ќе биде доставена иницијатива за кривично гонење во Основното јавно обвинителство во Скопје, како и предупредување известување до Владата, на седница да ги известат сите надлежни органи во постапките за лифтови доколку се појави таа фирма.

Од ДКСК нагласуваат дека не смеат да го објават името на фирмата, но изразуваат надеж дека за овој случај ЈО ќе постапи експресно. Оваа фирма била поврзана уште со две други фирми од Скопје, кои работат  исто така на монтажа, сервисирање и одржување лифтови, од причина што управителот на оваа фирма е вистински сопственик на овие два други трговски субјекта.

Како што појасни Георгиев предметот во ДКСК е по пријава за наводи за сомнежи за користење фалсификувани ИСО сертификати од стана на фирма за сервисирање, ремонт и монтирање лифтови, со цел да се добие тендер во ЈЗУ Општа Градска болница во Скопје.

Според Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК се работи за класичен криминал и делување и доколку овие субјекти дејствувале подолг временски период ќе се открие дека тие работеле не само кај јавни јавни субјекти, туку сигурно во станбени згради. Таа укажа дека таа група која функционирала ја знаела слабоста на актуелниот Закон.

– Замислете која е опасноста, со лажни сертификати за лифтови, животи се во прашање, потенцира таа.

Катица Николовска, член на ДКСК, е загрижена од фактот што конечни корисници се државните институции и има дилема на кој начин Антикорупција може да ја запре оваа фирма да учествува во јавни набавки со цел да не предизвикува натамошна штета и да се случи нешто со несакани последици.

Георгиев појасни дека Градската Општа болница објавила тендер, а Комисијата за јавни набавки во болницата ја проверила валидноста на ИСО сертификатите кај самиот издавач на сертификатите – фирма од Хрватска, од каде добиле одговор дека сертификатите се фалсификувани. Комисијата не ја прифатила понудата од наведената фирма, а непостоечката фирма вложила жалба до државната комисија за жалби по јавни набавки, од каде е одбиена како неоснована.

– Во електронската кореспонденција може да се констатира дека фалсификувањето на овие ИСО сертификати е направеон така што физичко лице од земјава претставувајќи се како главен управител на фирма застапник на фирмата за сертифицирање од Хрватска, од свој домејн во врска со објавениот тендер, до електронските пошти до економскиот оператор што ги поднел фалсификуваните сертификати и до Комисијата за јавни набавки, доставил лажна информација дека овој непостоечеки трговски субјект е официјален застапник на хрватската фирма за сертифицирање. Овој трговски субјект нема евиденција во Централниот регистар во Република Северна Македонија. Ги прикачил лажните сертификати, како и фалсификувана потврда, за извршена сертификација од хрватската фирма, како и фалсификуван потпис од лице од Хрватска во својство на директор на фирмата за сертифицирање, појаснува Георгиев.

Меѓу другите информации и контакти остварени од страна на Антикорупција, Георгиев остварил контакт и со директорот на хрватската фирма овластена за сертификати, од каде било потврдено дека сите ИСО сертификати кои биле користени при учеството на тендерот објавен од Општата Градска болница, се фалсификувани. Бил наведен и податок дека и други субјекти се пожалиле од таа фирма за акредитација од Хрватска оти такви сертификати буле повеќекратно употребувани од оваа фирма од нашата држава.

Во текот на работата, истакна Георгиев, постои системска слабост во системот за јавни набавки односно Комисијата за јавни  набавки кај кој било државен орган нема обврска да ја проверува автентичноста односон валидноста на ИСО сертификатите. Тој смета дека токму оваа слабост била искористена од страна на оваа фирма.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.