Откако низ американските медиуми беа објавени низа противречни информации за наводно апсење на личност поврзана со нападот на бостонскиот маратон, крај на шпекулациите стави ФБИ.
Полицијата во Бостон на својот Твитер профил објави дека засега никој не е уапсен и дека следи истрага на бомбашкиот напад во Бостон, во кој загинаа 3 лица, а над 170 беа повредени.
Пораката погледнете ја на следниот линкTwitter
Дека немало никакво апсење, соопшти и ФБИ. „Наспроти извештаите на бројни медиуми, соопштуваме дека немаше апсења во врска со нападот во Бостон. Во текот на изминатите денови се појавија многу неточни информации кои се повикуваат на неофицијални извори. Поради таквите приказни често може да се предизвикаат несакани последици, апелираме до медиумите, посебно во раната фаза на истрагата, да бидат внимателни и пред да известуваат да се обидат за своите информации да добијат потврда од службените извори“, се вели во соопштението на ФБИ.