Браќата Царнаеви, Темарлан и Џохар можно е да извршиле тројно грозоморно убиство во 2011 година смета Американското Федерално истражно биро. Станува збор за убиството на Ерик Вајсман, Рафаел Текен и Брендан Мес , кои биле пронајдени мртви со голем број убодни рани од нож, а врз нивните тела била расфрлана марихуана.
Убиството било извршено на 11 септември 2011 година, точно на годишнината од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон. Тројцата биле убиени во стан во кој немало траги од насилно влегување, а во станот немало кражба на околу 5.000 долари кои биле пронајдени од полицијата.
Бостонската полиција две години неможела да ги пронајде убијците, но претпоставувале дека се работи за повеќе од еден убиец, кои биле блиски со жртвите. Кога бомбашите на Бостонскиот маратон, браќата Карнаеви беа откриени, ФБИ започнала да се сомнева на нив како можни сторители на тројното убиство.
Едниот од нив, Темерлан Царнаев, во време на убиството бил цимер со убиениот Брендан Мес. Од друга страна, Вајсман и Текен биле Евреи, поради што ФБИ смета дека се работело за прво злосторство мотивирано од верска омраза што браќата Карнаеви го извршиле, токму на годишнината на нападите кои ја почнаа глобалната војна против тероризмот.