Државниот правобранител Фехми Стафа е разрешен од функцијата на денешната 72-ра седница на Владата. Од таму ја потврдија информацијата, но порачаа дека подоцна ќе бидат објавени подетални информации за одлуката, како и причините поради кои е донесена.
Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен првобранител од август во 2018 година.