Фејсбук го призна независно Косово. Социјалната мрежа го стави Косово на списокот на независните земји, објавија косовските власти.
“Фејсбук го призна Косово како држава”, напиша на Твитер Флора Читаку, министер за европска интеграција.
По оваа порака стаса и онаа на премиерот Хашим Тачи која вели дека одговорните лица на Фејсбук го известиле за овој чекор дека Косово отсега е на списокот на земји на оваа социјална мрежа.
Жителите на Косово кои досега креираа профил на Фејсбук мораа да се запишат како граѓани на Србија иако Косово веќе речиси пет години е независна држава. За Косово ова е напредок затоа што, иако Фејсбук не е држава, ова има голема вредност бидејќи “над милијарда луѓе во светот го користат Фејсбук”, напиша интернет сајтот Koha.net.
Да потсетиме дека Србија и натаму се противи на признавањето на Косово како независно и покрај официјалното признавање на повеќе од 100 земји од кои 23 се членки на ЕУ.