Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Закерберг вчера најави дека работи на долго очекуваната опција „дислајк“ (Dislike – не ми се допаѓа).
– Луѓето долга низа години прашуваа за копчето „дислајк“. Денеска е посебен ден, бидејќи денеска можам да кажам дека работиме на тоа, изјави Закерберг.
Како што објаснува тој, во компанијата сфатиле дека луѓето сакаат да имаат можност да ги изразат и чувствата поинакви од оние кои ги изразуваат со „Like“.
Фејсбук работи на ова веќе извесно време, а се очекува наскоро оваа опција да им биде достапна на корисниците.
– Неверојатно е комплицирано да се направи интеракција која ќе биде едноставна, рекол Закерберг по ова прашање.