Издавачкаат куќа „Феникс“, во пресрет на Меѓународниот саем на книгата во Скопје, деновиве ја објави книгата„ Љубовта, убавината, славата“ од Енди Ворхол. Станува збор за необично и ретко издание, во кое самиот автор Енди Ворхол говори, односно пишува за филозофијата на Енди Ворхол.
Оваа книга го претставува славниот американски уметник преку неговите записи, размислувања и транскрипции на неговите разговори со луѓето со кои се дружел…
Можеби тоа е и најдобриот начин да го запознаеме како личност, бидејќи во неа не зборува само за уметноста, туку и за се’ она што го интересирало во животот: слава, пари, секс, љубов…
„Во тие записи и фрагменти од разговорите го откриваме Ворхол и како бизнисмен и како уметник, но и како внимателен син кој живеел со својата мајка с¢ до нејзината смрт, но и како своевиден Оскар Вајлд, кој повеќе се крие, отколку што се открива преку прифатените парадокси кои го воделе и низ животот и низ уметноста“, велат од Феникс.