Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фестивал на класична гитара “Тремоло –Скопје 2019” од 9 до 12 мај

0
By Нова ТВ on May 10, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЈУ Детски Kултурен Центар “Карпош” со поддршка од Град Скопје од 9 – 12 мај 2019 г. е организатор на Меѓународниот фестивал на класична гитара “Тремоло”.

Фестивалот е повеќе развиен во културен настан кој ги обединува љубителите на класичната гитара, студенти, наставници, не само во Скопје и Р.С Македонија, туку и пошироко. Со текот на годините фестивалот прерасна во престижен настан кој сведочи за присуството и појавата на сé поголем број светски познати уметници специјализирани за класична гитара, а тоа се одразува на прогресивноста на настанот кој секоја година се надминува.

Со успешна реализација на Фестивалот “Тремоло” Детскиот Културен Центар “Карпош” дава голем стимул и поддршка за развој и промоција на овој вид на уметност во земјата.

Оваа година се навршуваат 10 години јубилеј од постоење на овој престижен фестивал, со надеж дека ќе го достигнеме нивото по примерот на светските фестивали.

Ќе се одржат три концерти: На 9 мај од 20,00 часот Свечено отворање-МКЦ (клуб и ресторан), 10.05 од 20,00 часот – Македонска филхармонија (мала сала), „Културно информативниот центар“-Салон 19.19, 11 мај од 20,00 часот. На 12 мај од 19,00 во „Културно информативниот центар“- Салон 19.19 – Свечено затворање на фестивалот и доделување награди. За победниците се предвидени вредни награди.

Влезот на сите концерти е бесплатен.

Покрај концерти ќе се одржи и интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови. Оваа година членови на жирито и мастер часови ќе одржат прочуените гитаристи: Бојан Ивановски-Србија, Вилијам Џенкс –Америка, Никлас Јохансен – Данска, Бошко Радојковиќ – Србија, Столина Добрева –Бугарија, Дарко Багески –  Република Северна Македонија, Ерхан Мујка- Косово, Борче Наумоски – Република Северна  Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.