Обвинителката Фатиме Фетаи ќе поднесе жалба до Апелација за пресудата во предметот „Насилство во Центар“, откако само екс премиерот Груевски доби затворска казна, додека поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и останатите обвинети добија условни казни.
Фетаи истакна дека е задоволна што е утврдена кривична одговорност кај обвинетите, но од аспект на кривичните санкции смета дека судот ги преценил олеснителните околности.
„Насилство во Центар“: Година и пол затвор за Груевски, условна казна за Јанакиески
„Не сум задоволна од изречените казни, особено од условните казни на обвинетите. Јас во завршните зборови кажав дека алтернативна мерка – условна казна, доаѓа во предвид само за Игор Бошковски. За другите сметав дека мораше да има казна затвор. И затоа ќе поднесеме жалба на овие пресуди“, рече Фетаи.