Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фетаи: Курбан Бајрам нè учи да бидеме дарежливи

0
By Zoran Ivanov on June 6, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поглаварот на Исламската верска зедница, Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи, упати порака за утрешниот празник Курбан Бајрам. Фетаи во пораката вели дека Курбан Бајрам е голем и благословен празник кој ги содржи божествените настани, кои се извор на инспирација за подигнување на свеста на верникот за љубовта и посветеноста кон Семоќниот Алах.

Поглаварот на ИВЗ во пораката нагласува дека големината на овој празник се состои во фактот дека во овие денови се комплетирало објавувањето на славниот Куран, се извршува аџилакот – петтиот исламски столб, и верниците го исполнуваат својот обврзувачки чин на принесување курбан заради Семоќниот Алах.

Курбан Бајрам е израз на непоколеблива верба за жртвување на сè, па дури и на најскапоценото заради Алах – за да се покаже во пракса дека љубовта и посветеноста кон Неговата величина се над сè, исто како што постапи Ибрахим а.с., кој беше подготвен да го жртвува својот син Исмаил а.с. Институцијата на курбанот е конкретен израз на разбирање дека нема големи дела без големи напори и жртви, и дека човекот вреди онолку колку што е подготвен да го подели најдрагоценото со другите. Затоа, Курбан Бајрам не е само ден на славење, туку е празник кој го учи верникот да биде дарежлив, да го облагородува духот и срцето, да учествува во големи дела, да биде солидарен, да помага на сиромашните и немоќните, да ги зајакнува духовните и социјалните врски, да го поттикнува единството во добри и тешки моменти, и да го негува мирот, љубовта и заедништвото меѓу луѓето, вели поглаварот на ИВЗ во пораката.

 

бајрам Порака Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.