Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФФМ го предаде во употреба новиот хибриден терен на Арената „Тодор Проески“

0
By Marija Todorovska on March 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ги заврши активностите за поставување и одржување на новата тревна подлога на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и објектот со новиот хибриден терен денеска го предаде на употреба на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП).

Како што е соопштено попладнево, ФФМ целосно го обнови тревникот на Арената со поставување најсовремена и хибридна површина, а новата подлога ја спојува природната трева со најсовремените синтетички материјали, притоа обезбедувајќи одлична издржливост и еластичност.

Со поставувањето на хибридната трева од најновата генерација на Националната арена и со целосно нов систем за наводнување се овозможува на најголемиот стадион во државата да се одигруваат натпревари во текот на целата година, без оглед на временските услови, притоа одржувајќи ги највисоките стандарди за игра.

„Оваа инвестиција ја нагласува нашата посветеност на обезбедување највисоки услови за одигрување на репрезентативни и клупски натпревари и повторно ја враќа нашата Национална арена како врвно место за фудбал на сите нивоа. Ја изразуваме нашата благодарност до сите кои беа вклучени во реализацијата на овој проект, посебно на АДИССДП и со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на фудбалерите на Националната арена.“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Средствата за новата подлога на Националната арена целосно ги обезбеди ФФМ преку „Хет – Трик“ проектот на УЕФА за фудбалска инфраструктура.

Тодор Проевски УЕФА ФФМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.