Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФФРМ: Штетите од поплавите ќе ја поскапат храната

0
By Нова ТВ on March 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според Федерацијата на фармери, најголемите штети се во Струмичко на површина од вкупно 230 хектари главно засеани со жита меѓу кои доминира пченицата.

Останатите посеви се со градинарски култури од кои најоштетена е зелката но, загуби има и на површините на кои се произведува расаден материјал за домат и пипер.

– Штетите ќе имаат негативен ефект врз целото градинарско производство поради што се очекува поскапување на храната, оцени Федерацијата по посетата на Бориево, Гечерлија, Сачево, Муртино, Нова Маала, Иловица и Добрејци.

Фармерите погодени од неодамнешните поплави да не плаќаат закуп за земеното државно земјоделско земјиште, ниту надомест на водните заедници, да добијат ваучери за репроматеријали (препарати, ѓубрива, гориво за земјоделска механизација, расад) зависно од големината на површината и културата, како и совети за натамошни активности за зачувување на квалитетот на почвата, предлага Федерацијата на фармери.

ФФРМ изминатите денови реализира средби со градоначалниците на Босилево, Ново Село, Василево и Струмица на кои е договорено да се направи заедничка стратегија за решавање на новонастаната ситуација. Општините го лоцирале проблемот во водостопанските организации кои, како што посочиле, не се доволно оперативни поради недоволно финансиски средства, механизација и човекови ресурси.

Од разговорите произлегла и иницијатива за преземање заеднички активности во насока на реконструкција на речните сливови, чистење на реките долж течението, не само парцијално, како и подигнување на свеста кај земјоделските производители за управување со ѓубривото со што ќе се спречи фрлање на отпадот во реките.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.