Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФХ: Бесрамен политички притисок на Тодоров врз судовите

0
By Нова ТВ on June 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичкиот притисок на министерот за здравство Никола Тодоров врз судот, влошување на состојбите со судскиот систем, како и насилството кое изби по отвoрањето на истрага за убиство, се главните забелешки за Македонија во последниот извештај на Фридом Хаус „Нации во транизиција“ .

Во Македонија е регистриран вознемирувачки пад, забележува најновиот извештај на Фридом хаус, насловен „Нации во транзиција 2013“. Иста формулација е дадена и за Албанија, БиХ и Косово.

Организацијата „Фридом хаус“ забележува „пад во правната рамка и независноста на судството, по алармантните нарушувања во истрагата на познато убиство и бесрамниот политички притисок на судовите од страна на министер за здравство“.

Тоа на Фридом хаус му предизвикало „сериозни сомнежи за изгледите на сеопфатните судски реформи и антикорупциски напори“. Затоа Македонија бележи пад во индексот за слободата на судството- изнесува 4,25 a лани бил 4.

Во оснос на независноста на медиумите земјата е оценета со ист индекс како лани – 4,75. Фридом хаус ги рангира земјите на скала од еден до седум, односно од консолидирана демократија до консолидиран авторитарен режим. Со 4 се оценува транзиционо владеење/хибриден режим, а со 5 полуконсолидиран авторитарен режим.

Пад се бележи и во однос на демократијата – од 3,89 на 3,93 оваа година. Иста оценка како и лани, односно 3,25 Македонија доби за цивилното општество. Во однос на корупцијата, земјата и минатата и оваа година е оценета со иста оценка – 4.

Во извештајот е наведено дека државите од Западен Балкан со процесот на простапување кон ЕУ се мотивирани да спроведуваат реформи и механизми кои гарантираат демократски институции и функционална пазарна економија но имплементацијата на тие реформи најчесто е закочена од недостаток на политичка волја.

Овогодишната анализа покажува дека најпроблематични за спроведување се реформите кои се однесуваат на независност на судството.

Според рејтингот пред нас во оваа област од регионот се Србија и Хрватска кои во изминативе 3 години бележат мал напредок додека Македонија која е во група со Албанија, Косово и БиХ бележи тренд на „вознемирувачко опаѓање“ по ова прашање.

Претходно, во извештајот на Фридом Хаус кој беше објавен за 2012 година, Македонија е делумно слободна земја според оценката на оваа организација.

Во извештајот е наведено дека таквите случувањата отвараат сериозни сомневања за изгледите на сеопфатни реформи во судството и напорите во борбата против корупцијата.

– Корупцијата е сериозен проблем. Додека релевантно антикорупциско законодавство е пропишано, и постојните мерки за да се разјаснат партиските извори на финансирање и спречување на судир на интереси кои беа зајакнати во 2012 година, имплементацијата е слаба. Мито и злоупотреба се особено раширени во јавните набавки. Судството нема учинок на ракување со корупција на случаи од високо ниво.

Сепак, медиумите во земјата се соочуваат со политички притисок и малтретирање, што резултира со авто-цензура и медиумите се поделени по етничка линија. Во декември 2010 година, Велија Рамковски, сопственикот на про-опозициската А1 Телевизија и повеќе од десетина соработници беа обвинети за криминал, вклучувајќи перење пари и даночно затајување, во случај кој нашироко се смета како политички мотивиран.

Во текот на истрагата, А1 Телевизија и три од весниците на Рамковски беа затворени поради неплатени даноци. Во март 2012 година, Рамковски беше осуден на 13 години затвор. Во јуни, Советот за радиодифузија ја затвори А2 телевизија, последниот медиум на Рамковски, откако почна да емитува политичка содржина и ангажираше новинари кои работеа во А1 пред нејзиното затворање.

Во ноември, Владата ја декриминализира клеветата според европските стандарди, иако огромни нови парични казни за клевета беа воведени, за кои новинарите изјавија дека ќе имаат застрашувачки ефект. Додека Советот за радиодифузија не е целосно независен, во 2012 година почна да се спроведува закон за забрана политичарите да поседуваат електронски медиуми, се вели меѓу другото во извештајот на Фридом Хаус.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.