Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФХ: Загриженост за владиното мешање и политичкото влијание

0
By Нова ТВ on June 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во извештајот на Фридом хаус, Македонија доби полоша генерална оценка за демократија од лани поради влошувањето во категоријата – правосудна рамка и независност на судството.

Во интервју на Кетрин Макалек од Фридом хаус, истражувачка аналитичарка која работела на неодамна објавениот извештај Нации во транзиција, со Јане Бојаџиевски, Глас на Америка на македонски, таа вели:

„Влошувањето во оваа категорија се должи на судскиот процес за петкратното убиството на Смилковското Езеро во 2012-та. Имаше неколку неправилности во случајот, како протекување на изјава на сведок и експлоатација на етничката димензија на случајот“, наведува Макалек во интервјуто преку Скајп за Гласот на Америка на македонски.

Македонија најлошо котира во категоријата независни медиуми. Најголема причина за загриженост е владиното влијание врз медиумите и политичкото влијание од сите страни воопшто, смета Макалек.

„Пресудата за Велија Рамковски беше голем удар за независните медиуми; исчезнувањето на медиумите кои беа критични кон власта; одземањето на концесијата на А2. Ова беа големи удари врз независното новинарство“, вели аналитичарката на Фридом хаус.

На прашање за продолжувањето на притворот за новинарот Томислав Кежаровски, Макалек коментира: „Ова, генерално, е проблем во Македонија – новинарите да примаат закани за незаконски притвор за случаи врз основа на сомнителни или лажни обвиненија. Во неговиот случај, мора да биде ослободен и да се почитуваат неговите новинарски права“.

Таа категорично ги отфрла наводите во дел од македонските медиуми дека Фридом хаус ги заснова оценките на пристрасни ставови на едни – исти медиумски работници во земјата.

„Фридом хаус на ниту еден начин нема односи со новинари во Македонија во смисла на тоа да влијае на нивното известување. Новинарите и одделни политички партии во Македонија на ниту еден начин не влијаат врз нашето известување. Ние сме непристрасна организација и немаме друг интерес освен да известуваме за вистината во Македонија“, коментира Макалек.

Уште повеќе, на пошироките медиумски шпекулации дека Фридом хаус и другите оранизации со сличен фокус се продолжена рака на странските интереси во Македонија, Макалек реагира:

„Ова е тема во многу апсолутистички држави. Се користи во Русија, Азербејџан, Узбекистан. Жално е ако Македонија тргне по истиот пат и за критиката на владата го обвинува странското влијание или новинари платени од странци да измислуваат приказни, затоа што има многу вистински приказни што индицираат лошо расудување и прекршување на законот од страна на членови на политичките партии, така што нема потреба овие приказни да се измислуваат“. вели во интервју Кетрин Макалек од Фридом хаус, истражувачка аналитичарка која работела на неодамна објавениот извештај Нации во транзиција, за Гласот на Америка на македонски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.