Фидел Кастро се појави вчера на парламентарните избори во Куба и со тоа повторно ги поби гласините за неговата лоша здравствена состојба. Тоа беше негово прво појавување во јавноста после четири месеци, од септември минатата година.
Ова е првпат после 2006-тата година Кастро да излезе на избори, односно да не гласа од својот дом.
„Луѓето на Куба се вистински револуционери, кои жртвуваа многу. Ние тоа не мора да го докажуваме, историјата ќе го потврди. Педесет години блокади, а луѓето сеуште не се предаваат“, изјави кратко Кастро додека гласаше.
На фотографијата објавено во локалниот печат Кастро е облечен во темна карирана кошула и црно палто, кој додека разговара со луѓето се потпира на бастун.