Еврокомесарот за проширување Штефан Филе заедно со известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит и европратеникот Јерзи Бузек утре доаѓаат во Скопје. Информациите за утрешната посета Филе и официјално ги потврди на својот твитер профил.
И Брисел и Вашингтон вршат силен притисок врз Скопје за надминување на политичката криза. Притисок се врши и врз двете страни.
Од власта се бара да истапи со предлог за надминување на настаните од 24 декември и да превземе одговорност за овие инциденти, а од опозицијата се бара да се откаже од бојкотот на локалните избори.