Еврокомесарот Штефан Филе на „Speakup2“ (Спик ап) Конференцијата за слобода на медиумите на Балканот изјави дека резултатите во слободата на медиумите е клучна за преговорите за членство во ЕУ, заедно со владеењето на правото и основните слободи.
Зборувајќи на собирот за слобода на изразувањето и на медиумите во Брисел, на која се
На Конференцијата каде учествуваат претставници на медиумите, невладините организации и на властите од регионот, Филе укажа дека меѓу учесниците има новинари кои биле жртви на насилство, со порака дека мора да бидат казнети сторителите:
-Властите мора да ги зајакнат напорите да се истражат новите и поранешните случаи“ на насилство врз новинарите… иницијативата на Србија да се востанови комисија за неистражени случаи на насилство над вработените во медиумите е добар пример.