Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филе со обраќање до Македонија: „Надоместок за изгубеното време“

0
By Нова ТВ on October 16, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Текст на Еврокомесарот, Филе по повод Извештајот за напредокот на Македонија, објавен на 16 октомври 2013 година. Неговото обраќање кон Македонија, НОВА ви го пренесува во целост:

„Надоместок за изгубеното време“

„Политички, ова не беше лесна година за вашата земја. Настаните во Парламентот на 24 декември и понатамошниот политички бојкот фрлија сенка врз напредокот на земјата во својот пат кон европската интеграција. Многу напор и енергија беа потрошени за решавање на оваа ситуација. Драгоцено време беше изгубено, време што инаку би можело да се искористи за подобро спроведување на реформите, и немаше надворешни фактори кои би се обвинувале: сето ова се случи како резултат на домашната политичка конфронтација.

Политичките лидери од сите страни, треба да се однесуваат одговорно, ставајќи ги интересите на земјата пред краткорочните партиски цели. Компромисот во врска со извештајот на Анкетната комисија за настаните од 24 декември, покажа како може да се најде решение, со политичка волја, преку дијалог и компромис. Ова е патот за напред и мора да стане политичка норма. Тоа е она што граѓаните го заслужуваат и она што ЕУ го очекува.

Предизвикот сега е да се гради врз претходните реформи, и ефективно спроведување на веќе постојните правни и политички рамки. Ако тие цврсто се спроведат, реформите ќе се почувствуваат од корен а тоа ќе донесе вистинска промена во секојдневниот живот на граѓаните.

Европската перспектива секако ги појача реформите, и Европската комисија ќе продолжи да се залага за нивна ефективна имплементација. Напоменуваме дека е направен напредок во расчистувањето на судските застои, но потребна е поголема работа за обезбедување независност на судството во пракса. Дека постои историјат за анти-корупција, но треба да биде подопирлив. Дека оценката за изборите минатата пролет беше дека тие беа професионално и ефикасно спроведени, но дека понатамошни реформи за изборното законодавство, избирачките списоци и потребна е поделба на партиите од државата.

Дека клеветата беше декриминализирана но мора да се обезбеди почит кон слободата на изразување. Односите со новинарите страдаат и итно треба да се обноват, и извонредни реформи мора да се стават во преден план во врска со владините реклами, отстранување на притисокот врз новинарите, како и унапредување на професионалните стандарди. Дека Анкетната комисја произведе корисни препораки, но дека тие сега треба да се спроведат во пракса. Понатаму се одвиваше преглед на Охридскиот рамковен договор, но подеднакво е важно препораките да се имплементираат. Напредок е постигнат и за економските прашања, но сеуште се потребни суштински реформи за да се обезбеди долгорочен одржлив раст.

Постојан конструктивен дијалог и компромис во домашната политика ќе ви помогне да ги испорачате резултатите во сите овие области. Се надевам дека истиот дух, може да преовладува во преговорите предводени од ОН за прашањето за името.

По тежок период, земјата сега мора да се врати назад на вистинскиот пат. Европската комисија ќе продолжи да ви помага на тој пат“.

Штефан Филе
Комесар за проширување

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.