Земјите членки на Унијата одлучија Македонија воопшто да нема датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија на претстојниот Самит на Европскиот совет ја пренесуваат медиумите изјавата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе од Луксембург.
-Земјите-членки одлучија да не ја стават БЈР Македонија на агендата. Сепак, јас денеска ги информирав министрите за писмото кое го добив од македонскиот претседател во однос на тоа дека во БЈР Македонија кој што ме информираше дека започнала со работа Комисијата за истрага на настаните од 24 декември 2012 година, што произлезе од договорот постигнат на 1 март за ставање на крај на политичката криза во земјата. Денеска, едноставно немаше дискусија за ова прашање изјави Филе.