Дијана Имери Илкоска во објавениот текст наведувајќи ги нејзините автобиографски податоци и изнесувајќи ги личните наводи дека е преквалификувана за работното место кое го извршувала во НУ Филхармонија изоставила да го наведе фактот дека во ниту еден момент не била присилена да го напушти работно место наставник на неопределено време (во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј Скопје) и да прифати да биде ангажирана на работно место на определено време. Тој избор го направила самоволно, како што и самата наведува. Оттука, мораме да потенцираме дека во ниту еден момент од страна на НУ Филхармонија или било кој вработен не ѝ било ветено дека тој работен однос ќе биде трансформиран од определено во неопределено време. Со ова сакаме да потенцираме дека авторката на текстот знаела или требала да знае дека договорот за вработување на определено време, може да престане да важи со изминување на временскиот рок за кој истиот е склучен и при тоа установата нема законска обврска да понуди нов договор, односно договор за продолжување на работниот однос. Линк