Мустафа Имери, тенор и професор во државното средно училиште Илија Николовски – Луј“ во Скопје, е новиот директор на Националната филхармонија.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го потпишал решението за избор на Имери за нов директор на оваа културно уметничка институција.
Изборот е направен по пат на јавен конкурс.