НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филибастеринг или диктатура на една бешика

0
By Sashko on September 23, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Љубомир Костовски

Тактиката на ВМРО ДПМНЕ со филибастеринг на нејзините пратеници во Собранието да глумат дека се активни, ама да ги блокираат сите активности во него, имала еден проблем: полната бешика на говорниците. Да не заборавиме дека терминот филинастер доаѓа од поимот – пирати!

„Вчера мојата колешка држеше говор 10 часа и не ѝ дозволивте да оди во тоалет, можеби треба јавно да извршиме нужда врз вашите предлози за уставни судии кога веќе не ни давате пауза среде говор?!“

Дафина Стојановска, пратеничка за која многумина ќе потврдат дека е со убедливо највалкан јазик во историјата на парламентот, се бунеше што претседателката на Комисијата за именувања ја прекина седницата вчера, откако по 10 часа говор, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ заминала во тоалет.

Навистина, зошто тоа се дозволува – говорите во Парламентот подразбираат дека се насочени кон изложување на ставови во врска со прашања од дневниот ред (па и за самиот дневен ред) и подразбираат рационалност во дебатите, бидејќи, на крајот на краиштата, одлука мора да се донесе, односно да се гласа!

Нашите пратеници, после 30 години од политичкиот плурализам, го открија терминот филибастеринг и започнаа демонстративно да го применуваат, пред сè, кога се сигурни дека нема да го убедат мнозинството во Парламентот да ги прифати нивните ставови.

Инаку, терминот филибастеринг во законодавниот процес значи право на неограничена расправа за одредено прашање. Користејќи го правото на филибастеринг, можно е да се одложи или целосно да се спречи гласањето за закон или друг предлог. На тој начин, „филибастер“ претставува еден вид опструкција во собранието или друго тело за одлучување (Википедија).

Зборот филибастер доаѓа од холандскиот и шпанскиот јазик, а во 19 век означувал – пирати. Значи и тогаш имал призвук на застрашување, бидејќи „правилото на право за мирна пловидба за сите“ се претвора во можност на своевидно ограбување на тоа право, метафорично говорејќи, од страна на некој со црна прекривка преку окото и една дрвена нога која тропа на палубата.

Во денешна смисла, зборот првпат бил употребен во 1854 година во Конгресот на САД, кога противниците на Законот за Канзас и Небраска се обиделе да го одложат неговото донесување.

Еден од првите познати практичари на филибастерингот бил римскиот сенатор Маркус Порциус Като Помладиот. Во дебатите околу усвојувањето на законите на кои тој бил противник, Катон Помладиот често го попречувал гласањето со непрекинато излагање до самракот. Бидејќи римскиот сенат имал правило дека сите работи мора да се завршат до паѓање на ноќта, долгите говори на Като биле ефективно средство за спречување на гласањето.

Во поново време, зборот филибастеринг се користи главно за тактики за опструкција во Сенатот на САД, иако слични тактики се користат и во други држави.

Во Сенатот на САД, правилата му дозволуваат на сенаторот, или на група сенатори, да зборуваат колку што сакаат за која било тема што ќе ја изберат, сè додека не бидат избројани на говорницата „три петтини од сенаторите кои положиле заклетва“ (обично 60 од 100 сенатори ) па морало да се прејде на гласање односно да се затвори дебатата..

Историјата помни дека наводно најдолгиот филибастеринг во американскиот Сенат го одржал сенаторот Стром Турмонд од Јужна Каролина. Во обид да го спречи усвојувањето на Законот за граѓански права од 1957 година, Турмонд зборувал непрекинато 24 часа и 18 минути, но законот, сепак, бил усвоен.

Практиката на парламентарниот живот не кажува дали дебата можела да се прекине за да се задоволат нечии итни потреби, во кои спаѓа секако и одењето во тоалет, но такво правило да речеме нема, споредбено, во натпреварите за говорништво каде се цени и должината на говорот (покрај некои други мерила). Уште помалку, пак, е познато дека некој се помочал во салата каде се дебатира, инаку тоа секако би се запомнило и би се опишало.

Како и да се земе, филибастерингот мора да има ограничувања, па и биолошки! Впрочем, на некој начин тоа е мачење и за слушателите – што ако тие заминат во тоалет, да речеме а говорникот или  говорничката види дека нејзиниот став во тој миг би имал повеќе поддржувачи во салата и го прекине маратонското излагање и побара гласање? Би било ли пак тоа фер?

Диктатурата на бешиката секако е нешто на што корисникот на бесконечните говори мора да се навикне и да се самодисциплинира, иако е тоа ѓаволски тешко. Професор Чедомир Чупиќ, од Факултетот за политички науки во Белград, гостувајќи на програмата Н1 неодамна раскажа еден интересен случај.

Повикувајќи се на записите на социјалниот утопист од времето на Француската револуција – Сен Симон, раскажа за своевидна литија во дилижанс на кралот Луј ХVI. Имено, големиот број жители на Версај морале, качени во кочии и дилижанси, за 48 часови да стигнат од Париз до Лион. Патем, не било забрането застанување, па и одење во тоалет. Се застанувало, но само на неколку места за молитви во локални цркви. За мажите можеби било и полесно ама дамите, со сите оние компликувани тоалети, тоа не доаѓало во предвид. Па тие ги сквернавеле деловите на црквите каде инаку се вршеле исповеди со свештениците. После нивните „молитви“ останувала смрдеа кој барал темелно чистење а дури и понов осветување на тие делови од црквите. На еден од мажите му пукнал стомакот бидејќи тој носел на своите коленици одреден товар означен како свет и тој не можел да се помрдне. И така дошла – револуцијата и гилотината!

Пратеничката Стојановска е, веќе рековме, позната по својот недозволив вокабулар, но и по своето несоодветно (благо речено) однесување. На една од седниците, се чини на Комисијата за избори и именувања, таа направи своевиден актерски перформанс, трудејќи се што подолго да говори. Се шеташе во просторот меѓу пратеничките места и говорницата (не стоеше зад неа) за да може од време на време да се потпре на клупите каде седат нејзините колеги. Таа на тој чин покажуваше некаква супремација во однос на нив, а секако и некултура. Имено, ако задоцните во театар или кино и треба да минете меѓу два реда и ги подигнувате од местата оние кои дошле пред вас, треба да одите со очите завртена кон нив, а не да им го покажувате грбот. Во овој случај на изведување драмолетка на седница на Комисијата за избори и именувања, таа себеси си направи олеснување, се одмараше говорејќи потпрена на клупите и си правеше при тоа паузи, ама на колегите во Комисијата им покажуваше грб, да не речеме и некој друг анатомски дел од своето тело (патем беше во фармерки, ако е тоа олеснувачка околност).

Таа пратеничка не е целосно виновна. Не се работи за диктатура на бешиката и заморот што треба да го издржи заради филибастерингот. Се работи на диктатура која, во стилот на споменатиот крал кој заврши на гилотина, а кој неа и на другите им наредува такво однесување, од кое, за жал страдаме сите жители на оваа држава, особено кога треба да се донесат неодложни одлуки во Собранието од што зависи и опстанокот на сите граѓани.

Извор: civilmedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.