Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Ако состојбата остане стабилна угостителите ќе се вратат на работното време до 21 часот

0
By Нова ТВ on January 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Состојбата во моментов е стабилна, а министерот вели дека е охрабрувачки тоа што, според едно истражување, над 60 проценти од здравствените работници би се вакцинирале против ковид-19
Доколку епидемиолошката состојба остане стабилна, како што е во моментов, угостителските објекти ќе се вратат на работното време до 21 часот, односно нема да има продолжување на мерката со која тие треба да затворат во 18 часот, најави министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во утринската емисија на националниот сервис МТВ 1.

„Конкретно, да кажам дека угостителите ќе се вратат на работното време до 21 часот, меѓутоа, засега тоа ќе остане какво што е. Сè уште следиме како ќе се развива ситуацијата и согласно анализите во иднина ќе одлучуваме дали ќе има дополнителни намалувања на рестрикциите“, рече Филипче.

Мерката за дополнително скратување на работното време на угостителите во пресрет на празниците беше донесена на 15 декември и, како што беше најавено и претходно, ќе трае до 20 јануари.

Зборувајќи за ситуацијата со епидемијата во гостувањето на МТВ 1, Филипче се осврна на вакцинацијата и нагласи дека е охрабрувачки тоа што, според едно истражување, над 60 проценти од здравствените работници би се вакцинирале против ковид-19.

„Исклучително висок процент на здравствени работници се заинтересирани да ја примат вакцината, и тоа е добар сигнал за сите граѓани. Здравствените работници беа на првата линија во борбата и знаат колку е опасен вирусот. Доколку тие се вакцинираат, тоа ќе влее поголема доверба и кај граѓаните“, истакна Филипче.

Министерот нагласи дека вакцинирањето е сериозен и проверен процес, а вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на кои досега се развиваа и сите други вакцини.

Сите вакцини што ќе пристигнат кај нас, уверува тој, се целосно безбедни и граѓаните може да имаат целосна доверба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.