Заврши средбата на министерот за здравство Венко Филипче и членовите на Комисијата за заштита од заразни болести. Состојбата со КОВИД-19 ќе се следи и следните денови, засега нема препораки за некакви порестриктивни мерки.
По завршувањето на средбата, министерот за здравство истакна дека изманативе денови има голема бројка на дијагностицирани затоа и денеска и утре ќе биде направен увид во начинот на трансмисија, засебно во секоја општина.
„Следните денови ќе следиме какви ќе бидат бројките на новодијагностицирани. Ова е навистина висока бројка во однос на претходните денови. Заклучивме дека денеска и утре треба да се направи увид за начинот на трансмисија на вирусот во секоја општина посебно. Ако нешто откриеме, да може да одлучиме какви мерки и каде би се вовеле “, изјави Филипче.
Филипче потенцира дека викендов би требало да се знае какви мерки и во која општина треба да воведат.
Дали ќе се намали работното време на угостителските објекти или да се намали бројот на маси ќе се знае по епидемиолошките прашалници.
Филипче не исклучува и затворање на градинки и училишта, но вели дека планот за рестрикција вклучува и затоворање градинки и училишта, но и да се вклучат и други ученици во настава од ноември со физичко присуство, ако тоа го дозволува епидемиолошката состојба.