Венко Филипче: Очигледна е соработката на оваа власт со српската власт на Александар Вучиќ и на СНС, односно лично со него.
На граѓаните веќе им паѓа во очи како премиерот Мицкоски сака да го имитира претседателот Вучиќ, во движењата, во стоењето, во начинот на давање изјави и во концептите на политиката. Прекарот веќе го доби, малиот Вучиќ.
Тоа што го прави Вучиќ во Србија, премиерот Мицкоски се обидува да го направи кај нас – еден човек да ја претставува целата политика и целата партија, а сите други да ги извршуваат неговите наредби. Таму дијалогот е речиси невозможен, а општеството длабоко поделено.
Во Србија тоа оди до ниво на судири, а земјата се соочува со економски колапс и целосна изолација од Европа. Истата опасна матрица денес се применува и во Македонија.
Ваквата политика води кон намерна изолација од Европската Унија и служи како алиби за прикривање на криминалот и корупцијата. Се бараат само изговори земјата да се држи изолирана од Европската Унија. Нема друго објаснување..
Нол, граѓаните јасно гледаат каде води овој модел, кон авторитаризам, економска несигурност и европска изолација. СДСМ ќе продолжи јавно и аргументирано да ја разобличува оваа соработка и опасниот курс по кој се движи Македонија.
Извор: Бриф.мк



