Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил објави дека најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните.
За жал, лицемериeто на Мицкоски и ДПМНЕ го достигна врвот. Откако лично тој и неговата партија дозволија цените во маркетите да пораснат до небо и не преземаа ништо, сега ќе давале поддршка на бојкотот на маркетите. Граѓаните не се наивни и добро знаат кој е одговорен за состојбата. Точно знаат кој ги водеше лажните ПР кампањи со кошничките од кои цените не само што не се намалија, туку и пораснаа. Во целата брзоплетост повторно да спечалат некој политички поен, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сфаќаат дека во целост го признаа својот неуспех во управување со оваа состојба, напиша Филипче.
Според него, сега имаме невиден парадокс каде власта ќе протестира против сама себе.
Ова е Монти Пајтон политика на Влада која изгубила контакт со реалноста после само осум месеци владеење. Мицкоски не го интересираат граѓаните и ова го докажува секој ден, објави Филипче.