Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во „КликПлус“ на ТВ 21 најави дека вакцината од производителот „АстраЗенека“ нема да се дава на граѓаните под 60-годишна возраст, откако денес таква одлука донесе Германија.
Тоа значи дека имунизацијата на македонските граѓани утре ќе започне со заинтересираните граѓани над 60 години, но, како што рече Филипче, и така планот бил да се започне со постарите лица.
Филипче најави дека ќе испратат писмо до Европската агенција за лекови (ЕМА) од која ќе бидат побарани дополнителни информации за процесот на имунизација со оваа вакцина.