Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Нема цена што нема ја да платиме за вакцината

0
By Нова ТВ on December 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема цена што Владата нема да може да ја плати за вакцината против ковид-19, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче кој верува дека има можност и пред март одредена количина на вакцини да пристигне во земјава.

Одговарајќи на новинарски прашање во Шуто Оризари, Филипче рече дека засега имунизацијата останува еден од најсериозните инструменти за сузбивање на вирусот и оти сите вакцини се апсолутно безбедни.

Тој истакна дека освен со Бугарија, Грција и Полска, се преговара и со Австрија, а паралелно со тоа течат и разговорите со производителите на вакцини. И преку Ковакс системот се очекуваат вакцини.

– Која вакцина ќе биде прва преку Ковакс системот, за жал не знае ниту една земја која партиципира во системот. Очигледно е дека сите земји кои преку Европската комисија имаа привилегија да ги добијат први вакцините, добија многу помали количини од она што очекуваа. Затоа овој систем на солидарност којшто беше предвиден, малку се одложува. Ние сме во комуникација со сите европски држави кои ги понудија механизмите за помош и верувам дека ќе има начин и пред март вакцините да стигнат во нашата земја – рече Филипче.

Согласно динамиката на производство на вакцините, Филипче очекува поинакви вести и од производителите на вакцини од оние кои досега ги давале за време на разговорите.

Прашан дали воопшто ќе биде потребна вакцина доколку вирусот природно исчезне, Филипче со став дека за да спласне вирусот потребно е да има имунизација со кој ќе се достигне степен на колективен имунитет од 60 до 70 проценти од населението.

–  Останува да ја следиме ситуацијата и како ќе се одвиваат трендовите – дали ќе има природен пад на целата падемија. Засега нема знаци дека спласнува вирусот во насока на целосно добивање на колективен имунитет така што имунизацијата останува како еден од најсериозните инструменти со кои ќе се смени сликата – нагласи Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.