Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче ништо не знае за крекањето на жабите

0
By Биљана Секуловска on January 5, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дојде и тој час, таа генијална идеја да се покори науката и да се фрли во буништето на историјата, каде што и припаѓа.

Суеверието е она мало зрнце надеж што ќе ја спаси Планетата од  науката. Така размислуваат оние родители кои одбиваат вакцинации на своите деца, затоа што сметаат дека тие најдобро се знаат, за себе и за светот околу себе. A nајмногу знаат дека науката е само измислена, минлива крута и здодевна појава, која мора да се сосече од коренот. Потоа, таа наука мора да се запали во крпче и да се фрли со десното стопало зад левото рамо. Целата операција се извршува на зајдисонце, додека жабите крекаат и затоа треба да им се потсечат ноктите. Притоа, Земјината топка се огледа од реките, при што може да се забележи, доколку се гледа само со спуштени капаци, дека станува збор за плоча, а не топка, никако округла.

Тие родители кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца имаат свои светоназори, свои погледи на вистината. Особено, тоа е идејата дека научните факти се само романтичен поглед на овој хаотичен свет.

Овие родители сметаат дека овој свет мора да се спаси од лудилото кое го предизвикува науката, а најдобар начин е да се запалат сите книги, да се снимат нивните коски додека офкаат, и да се пуштат овие крици и очајнички звуци на научниците, кои претходно мора да бидат заробени и фрлени во зандани, за да не го заведуваат кутрото светско население, кое потпаѓа со векови под нивното опасно влијание.

Освен тоа, родителите се бесни на министерот за здравство, Венко Филипче, кој апелира да се вакцинираат децата од морбили, стравувајќи дека епидемијата може да доведе до сериозни размери.

Министерот, какво разочарување за овие родители, безнадежно и наивно верува во научната мисла, во научните достигнувања, во процветот на интелигенцијата, откако,  според родителите, некаква лажна и манипулативна историја, говори дека  средниот век го запустил човештвото и затоа го добива средното име- мрачен. Тој, Венко Филипче, не им дозволува на родителите да се вратат во темните векови, со што, безочно и безобразно им ги крши основните човекови права и слободи- да живеат по своја волја, како на пуст остров, изолирани, весели хипи тинејџери, кои уживаат да ја голтаат секоја капка од овој сочен живот, макар тоа допринело до катастрофи од сериозни размери.

Но, дури и во 20.век, сметаат родителите, науката се поигрува со слободата на луѓето да прават што сакаат со своите, но и туѓи животи, особено да ја игнорираат таа наука, која нуди некакви поразителни факти. Така, можете да прочитате дека пред 1980 година, кога започнува имунизација, 2.6 милиони луѓе умреле од морбили, кога Светската здравствена организација пред себе дава задача да се намали бројот на смртни случаи кај децата за две третини.

Да, секако дека е најдобро министерот Филипче да даде оставка, а на негово место да дојде светски познат пророк, кој ќе ги лечи сите болести и тегоби со допир на главата и фиксирање на погледот со часови, трениран од видеата на Марина Абрамовиќ, додека течат и капат крвави солзи на Великата Госпа од Меѓумурје, а Малата и ги брише со светло сина кутија Арф. За тоа време,  родителите ќе продолжат да се крстат во иконите кои ги постираат на Фејсбук, но, кутрите тие не знаат, дека дури ни светците во случаи како нив не помагаат.

Филипче и науката воопшто, знаат само банални, неупотребливи методи- да ги лечат незнаењето, неинформираноста и ступидноста во 21.век, наместо галантно да им се придружат на големите умови од пророци и заедно да ни баат и гатаат во суморните предвечерни часови, кога крекаат жабите и ни соопштуваат дека сме доживеале незгоден пех. Каква штета-сме го исчашиле левото рамо и немаме добра позиција за фрлање на ноктите на жабата, која дури и таа не подгледнува загрижено, дали доброволно сме го поматиле умот или сме платиле сериозна сума некоја гледачка да ни ја соопшти таа жална вест и да не напушти, затоа што сме станале неупотребливи дури и за неа.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.