Министерот за здравство Венко Филипче, денеска попладне влезе во операциона сала за да помогне на пациентка која поради болест не можела да оди.
– Претпладнево извршивме успешна операција врз 34 годишна пациентка, која имаше протрузија на дискус во лумбалниот р’бет што и предизвикувал проблем со одењето, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Пациентката се чувствува одлично по операцијата и посакувам брзо заздравување, додаде Филипче во својот пост на Фејсбук.