Венко Филипче: СДСМ ќе поддржи реформи во правосудството но со национален надпартиски консензус за кој е потребно формирање заедничка работна група во Собранието кое че ги дефинира и контролира и заеднички ќе ги спроведува реформите во правосудството. Не смееме да дозволиме нова партизација и окупација од страна на власта а ќе подржиме ако ВМРО ДПМНЕ има само искрена намера.Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда. Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот Совет од страна на власта. Доколку ВМРО-ДПМНЕ има искрена намера, ова ќе го прифати. Во спротивно ќе значи дека имаат сосема различни намери.