Министерот за здравство Филипче, вечерва преку социјалните мрежи информираше дека денеска пристигнала нова пратка од вакцините Фајзер. Од нив 5.850 се преку директни преговори со производителот, а 4. 680 се како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија – објави министерот за здравство на Фејсбук.