Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Резолуцијата со црвени линии е најсилната гаранција за државата / Мицкоски: Еве нè повторно пред уште еден предизвик

0
By Zoran Ivanov on October 1, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филипче: Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче на денешната граѓанска трибина во Македонски Брод го повика премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да не глумат лажни патриоти и да наоѓаат маани во предлог Резолуцијата на СДСМ за црвените линии во преговарачкиот процес со ЕУ, туку да покажат натпартиски однос за доброто на државата.

„Велеа сакаме гаранции. И ние јасно им кажавме – гаранции може да имаме дома. Многу јасно и едноставно, како што тоа го прават во секоја држава. Еве ви ги црвените линии – ова се нашите црвени линии, нема преговори за ниту едно идентитетско прашање. Јасно и гласно. Сè е чисто како солза во текстот. Ајде сите да се обединиме околу тоа, никој ништо не ни може“, рече Филипче

Тој додаде дека токму со заедничка резолуција, потпишана од сите 120 пратеници, може да се демонстрира политичка зрелост и национален консензус.

Но, наместо поддршка, како што кажа Филипче, од ВМРО-ДПМНЕ стигнува нов предлог дека ќе подготвеле таканаречена „помакедонска“ резолуција – уште еден доказ дека се избегнува одговорноста.

„Има ли поголем доказ од ова, дека не сакаат ништо да направат? Но јас, за разлика од Мицкоски, на ова прашање гледам како на историска одговорност на нашата генерација. Јас, за разлика од него, не правам политика од иднината на нашите деца“, рече Филипче.

Во обраќањето пред граѓаните, Филипче директно се обрати и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и јавно го повика да ги надмине личните и партиските интереси.

„Христијан, тргни ја суетата, барем еднаш во животот, за една тема. Погледни убаво што предлагаме и сам знаеш дека тоа е тоа што ни треба. Тргни ја суетата, издигни се над партиските интереси и дај да ја бутнеме оваа држава напред. Еве, ако сакаш смени нешто внатре, нека биде твоја резолуција, да не мислиш дека Филипче сака да ти ја земе македонштината. Еве, нека биде ваша, само дај да ја завршиме таа работа. Ќе останеме последна држава на Балканот без интеграција, нема да остане еден човек во оваа држава“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче и додаде дека ова е должност кон граѓаните, а предлог Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ затоа што ќе биде прво национално обединување.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“  во Македонски Брод  нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика, ниту проект за развој на економијата, што е доказ за нивната безидејност и незаинтересираност.

„Трет ден е од почетокот на кампањата, јас полоша кампања на ВМРО-ДПМНЕ не сум видел. Но јасно е зошто е така. Безидејноста доаѓа од фактот што немаат што да кажат. Што да каже ВМРО-ДПМНЕ? Со што да се пофали? Нема ништо, нема ниту еден проект, ниту една политика во интерес на граѓаните. Економијата потона, граѓаните потешко живеат,“ рече Филипче.

Во обраќањето пред граѓаните, Филипче посочи дека економската реалност е далеку од розова и дека граѓаните го чувствуваат тоа секојдневно.

„Ова е факт, ова не е нешто што може Мицкоски преку неговите мегафони да го спинува. Сите знаат колку пари имаат во џебот, а секој ден се потешко се живее. Платата не стига ниту за првите две недели од месецот, граѓаните бираат дали да купат храна, дали да платат сметки.Растат разликите меѓу сиромашните и богатите, типично вмровски, минималната плата не ја качуваат“ рече Филипче.

Тој додаде дека земјите се движат напред, додека Македонија со актуелната власт стагнира во секоја област.

„Албанија ја покачува минимална плата на 520 евра, ама за Мицкоски 400 евра биле доволно. За неговиот пулен Трајко Славески, тие биле многу.

Земјоделството го урнисаа, сите сектори во земјоделството имаат полоши приходи, секој земјоделец има помалку приход“, рече Филипче.

Поради тоа што нема со што да се пофалат, како што кажа Филипче, ВМРО-ДПМНЕ се занимава со сензационализам и спинови за опозицијата.

„И сега ВМРО ДПМНЕ немаат со што да се пофалат па се бават со опозицијата. Кој со кого коалицирал, кој со кого се договарал. Се прашувам, нели ви е срам? Вас ве избраа луѓето да ги решавате проблемите, не да расправате кафански муабети од прес-конференции. Срамно е колку ниско се паднати, но тоа е за очекување – резултати немаат“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ бега од реформи како од ѓавол од крст

Нашата партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија никогаш не глумела лажни патриоти пред гласачите, туку се бореше за она во што верува и ќе верува, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Македонски Брод.

„Ние не глумевме лажни патриоти туку се боревме за подобри позиции. А додека ние се боревме, тие пола влада си извадија бугарски пасоши. Е тоа е разликата меѓу државници и политиканти“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ историски секогаш била таа што ги решавала проблемите, што ја движела земјата напред, додека ВМРО-ДПМНЕ била кочничар на секој процес.

„Нема напредок со лажни патриоти. Нема напредок со алчни и себични политичари што се богатат на грбот на граѓаните. Нема напредок со лажни борци за правда, кои ги полнат институциите и судството со свои кадри, а правдата ја користат за кампања. Кои бегаат од реформи како од ѓавол од крст. И тука никогаш нема да бидеме исти“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на најновите изјави на Христијан Мицкоски, кој на трибина најави дека по изборите ќе менувал судии и обвинители.

„Го слушам вечерва Мицкоски на една трибина се заканува дека после изборите ќе менувал судии и обивнители.  И добро е што конечно вистината тоа што ние година и пол го зборуваме – дека не сака да прави реформи, не сака да писне за реформите. Сака негово партиско судство коешто ќе го контролира, коешто ќе прави монтирани случаи, преку кое ќе апси луѓе коишто тој сака да ги апси,“ истакна Филипче.

Тој порача дека граѓаните одамна ја видоа намерата на ВМРО-ДПМНЕ:

„Од тоа што сакаат граѓаните нема реформи, нема независно судство. Сакам да му порачам – Мицкоски, не се заканувај, никој не ти се плаши.“ – рече Филипче.

Мицкоски:  Нема поголемо задоволство од тоа да се биде меѓу народот

Јас меѓу вас одам со крената глава, затоа што, заедно со вас, ги водевме и ги водиме сите битки за подобра иднина на нашата татковина. И еве нè повторно пред уште еден предизвик, пред уште едни избори на кои се одлучува за правецот по кој ќе се движиме. И кога се наближува денот, човек има многу избори за кои може да се одлучи, но само еден е вистинскиот. Овој пат тој избор е лесно препознатлив; разликата со нашите противници е очигледна, но многу е важно тој избор да биде силен и одлучен. Затоа што јасната волја нема да значи само одлука за твоето место, за твоето маало, вашиот град; за улиците по кои чекорите, за маалата и местата каде се сите ваши важни животни случки, туку и испраќате порака за тоа во каква Македонија сакате да живеете, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Кавадарци.

Мицкоски нагласи дека никој од ВМРО-ДПМНЕ нема златна или било каква виза за Дубаи, не возат мотори по јужниот сосед, ниту пак коленичат пред источниот сосед.

„За разлика од нашиот противник, ние немаме златна, ниту било каква виза за Дубаи, не возиме мотори по јужниот сосед, не клечиме пред Софија, затоа што ние резервна татковина немаме. А тие, пак, првиот ден кажаа дека немало да водат негативна кампања, а вториот ден, на телевизија, пуштија негативни спотови – сечени, извадени од контекст реченици – само за да направат пометња, само за да излажат со намера да не се гледа она што од Марс е видливо – дека СДСМ не се менува и дека е во тотална безидејност. Еден мој соработник ми вели: „Претседателе, овие започнаа негативна кампања и црни спотови од првиот ден.“ Јас му велам: „А замисли тоа да не го пуштеа – што ќе кажеа? Ниту програма, ниту идеи, ниту развој ги интересира“, вели Мицкоски и додаде:

„А, од друга страна, еден аналитичар ми вели: „Да не сте им инфилтрирале некој вмровец во кампањата на Венко?“ Му велам: „Зошто така мислиш?“ „Па види, Филипче… Замислете, Филипче почна да зборува за правда во судството, да зборува за патриотизам, црвени линии и сè она што е антипод на нивниот карактер. Откако порано направи предавства на секој чекор. Нивната кампања се состои од злоупотреби на трагични судбини, од гола реторика без докази и аргументи.  Дојде до тоа дереџе што главната кампања им е Кочани – и тоа од човекот кој, поради акутна неспособност, десетици илјади страдаа во ковидот; во државен објект – модуларна болница – 15 живи пациенти изгореа. Но, ова не е начинот на кој јас сакам, и јас ќе ја водам кампањата. Човекот се изгуби во поданичката улога дадена од неговиот шеф Заев. Аман, пазете го детево – забега. Тој не се ни труди да се тргне од неговата сенка, напротив – гордо си ја носи. Некогаш големата партија СДСМ ја сведоа во приватно гранче за одбрана на личните интереси. Го слушам пред некој ден Филипче како кажува дека СДСМ се борат за нивниот дом. Ако за домови мислат на хациендите, на јахтите на кои поминуваат недели, на апартманите во Дубаи каде што престојуваат и се веселат со турбо-фолк пејач(к)и, тогаш е јасен нивниот слоган. Се борат за ова – тогаш од нивната борба народот нема аир, туку зијан. Па уште Филипче вика, слоганот им го прифатило членството со екстаза, а веќе следниот ден нивниот кандидат за една од општините го менува – како да се срами од својата партија. Ете, до тоа дереџе дојде државотворната партија СДСМ – нејзините кандидати да се оградуваат, што јавно, што преку менување на изборните пораки, од ставовите на нејзиниот лидер“, рече Мицкоски.

Мицкоски ја искоментира изјавата на Филипче дека на овие избори настапувале со концепт кој е континуитет на нивните изминати политики, и праша дали има полоши години за Македонија и македонскиот народ од 7 годишното владеење на СДСМ и ДУИ.

„Но, за една работа барем е искрен Филипче: вели дека на овие избори настапуваат со концепт кој е континуитет на нивните политики изминати години. Па има ли полошо години за Македонија како држава и македонскиот народ од 7 годишното владеење на СДСМ и ДУИ, затоа на овој 19 октомви треба масовно да излеземе и да го заокружиме бојот 9 за да им покажеме дека тие се минато, трајно минато на политичката сцена во Македонија“, порача Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се обрати и до неопределените и оние кои што се двоумат дали да излезат на гласање, и истакна сега сте ни потребни – не само нам, туку на државата, бидејќи вие одлучувате за вашата иднина.

„И затоа сакам да се обратам до неопределените. Сосема разбирам дека секој од нас има очекувања. Вашите можеби се поголеми од тоа што реално можевме да го исполниме овие година и пол централна власт. Но покажавме вредност, истрајност и посветеност да ги менуваме работите. Затекнавме распаднат систем, трули институции и напластени проблеми. Темелите ги градевме овие месеци, полни со ентузијазам и енергија. Надежта не ја загубивме – заедно ја одржавме. Покажавме и резултати. Не паднавме, иако сакаа да нè видат клекнати; работевме за секој еден од вас. И затоа, сега сте ни потребни – не само нам, туку и на државата – бидејќи вие одлучувате за вашата иднина, и овој е тој момент. Сакам да се обратам до оние кои се колебаат или не планираат да гласаат. Така им правите услуга на оние кои сакаат да живеат на грбот на татковината, кои ја сакаат Македонија поделена и разединета. Така директно се охрабруваат оние кои сакаат власт без борба на концепти и програма, кои сакаат повторно тендери и предавства. Затоа, одлучете мудро – излезете и гласајте. Излезете, затоа што ова не се само локални избори, туку тест на заедничката волја за тоа каква Македонија сакаме. Нашиот сон и нашата визија е нашата иднина, која сега ја градиме токму во овој момент.  Дајте ни шанса и сила да ја изградиме Македонија каква што ја заслужува“, кажа Мицкоски.

Мицкоски се обрати и до членовите на СДСМ и кажа дека тој ги почитува чесните и искрени членови, но рече дека таму мора да има реформи и собир на искусни и млади за кој рече дека постојат, но се маргинализирани од мала група кој ја приватизираат партијата.

„Сакам да се обратам и до членовите на СДСМ. Јас имам почит кон чесните и искрени членови на СДСМ. Тие ѝ посакуваат најдобро на партијата, која сега – никој друг туку ова нивно раководство – ја донесе под биолошкиот минимум. Таму мора да има реформи и да има борба на концепти; да се приберат искусни, но и млади луѓе. И вие добро знаете дека ова раководство е затворен круг кој, наместо да гради иднина, штити бизнис-интереси на неколкумина. Затоа ви подавам рака и ве повикувам да гласате – за иднината на татковината – да излезете и да направите вистински избор, и да ги поддржиме промените во кои мора заеднички да веруваме“, потенцираше Мицкоски.

На крај Мицкоски ги повика кавадарчани да излезат на 19 октомври да гласаат за Митко Јанчев кандидат за градоначалник од Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ и советничката листа.

„Со еден избор продолжуваш напред. Со друг – се враќаш назад. И кога ќе дојде денот на одлука, ќе стоиш со пенкалото во рака, пред ливчето – ќе знаеш дека одговорот го носиш во себе. Го носиш во срцето, во погледот, во душата. Во промената што веќе почна. Во најдоброто што допрва доаѓа. Затоа, за себе, за твоите најблиски, за времето што доаѓа – направи го: Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина! Ние сме таа генерација што нема да се повлече. А идните поколенија, кога ќе погледнат наназад, ќе речат: „Тие беа тие што веруваа, тие беа тие што победија“, дециден е Мицкоски.

 

ДПМНЕ локални СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.