Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Следната недела ќе одлучуваме дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки

0
By Нова ТВ on March 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно најавите коишто ги имаме денеска во разговорите со претставници и на Руската амбасада и на компанијата, најавата е дека руската вакцина Спутник ќе стигнат во недела со специјален транспорт, преку компанијата ДХЛ секако во соодветно пакување, ладен ланец, запазување на тие температури. Ова е вакцина која што за разлика од Фајзеровата се чува на температура од – 18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е спремна. По преземањето ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на вакцинацијата во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје. Ова вечерва го изјави министерот за здравство Венко Филипче во Дневникот на Сител.

-Соодветната административна постапка што се однесува до увозните дозволи, дозволите коишто треба да се добијат од страна на Агенцијата за лекови МАЛМЕД за да се пушти таа серија во промет веќе денеска започнаа заради тоа што дел од документите ги добивме. Така што, очекувам дека еве доколку стигне во недела какви што се најавите многу рано, на почетокот на следната недела да почне вакцинацијата и со вакцината Спутник V, рече Филипче.

Ова е вакцина која што ќе биде наменета за три илјади граѓани заради тоа што, како што рече, првата вакцина и ревакцината се практично со различен вектор, зема обврска компанијата за најмногу три недели, односно нешто порано за да може да се организира и процесот на ревакцинација, да стигнат и дополнителните три илјади од ревакцините, а во меѓувреме се чекаат информации и за останатата динамика.

Министерот за здравство потсети дека овие денови почнале разговори со „Астра Зенека“ за количина од 200.000 дози и додаде оти се разговара за деталите. За кинеската вакцина, Филипче вели дека се разговара за тоа и додаде оти за тоа зема обврска кинеската страна, дека целокупната количина ќе стигне веднаш, но не наведе рок.

Филипче уверува дека сме подготвени за масовна вакцинација на населението. Досега околу 3.500 здравствени работници се вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, вакциналните пунтови насекаде низ земјава се подготвени, има едуцирани доктори и сестри за работа со вакцините и смета дека процесот треба добро да се одвива. Информира дека околу 120.000 граѓани досега се пријавени за вакцинација и најави дека се планира почеток на кампања.

Потврди дека изминатиот период навистина има зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи и  зголемување на бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација. Сите модуларни болници веќе се поставени. Тој нагласи дека изминативе денови имале интензивна комуникација со членовите на Комисијата за заразни болести и рече дека ги следат бројките.

-Дали овој тренд на зголемување ќе продолжи или ќе заземе некое плато, односно дали ќе биде слична слика како во ноември. Засега не е. Тогаш исполнувањето на болничките капацитети беше многу побрзо, отколку сега. Но, внимателни сме и затоа модуларната болница кај Инфективната клиника повторно е во функција, болницата Козле е исто така подготвена и ќе ја пратиме ситуацијата следните денови. Заклучно со почеток на следната недела ќе одлучуваме дали се потребни некакви дополнителни рестриктивни мерки или не, нагласи Филипче.

Според него, граѓаните мора да ги почитуваат превентивните мерки и затоа што тоа и понатаму останува еден од главните механзими во борбата против пандемијата со КОВИД-19.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.