Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Следниот чекор e полициски час

0
By Нова ТВ on October 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека на Владата на утрешната седница ќе и предложи сите економски оператори да работат до 23 часот, јавен превоз да биде исполнет 50 отсто, во администрацијата, општините и судовите, секаде каде што тоа е можно, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома или редуцирано по систем на ротации.

– Ова е последниот чекор пред воведување на полициски час, изјави Филипче презентирајќи ја двонеделната анализа за состојбата со Ковид-19.

Овие мерки ќе бидат дополнение на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, што веќе е доставен во Собранието. Со него се предвидуваше носење маска на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот и ограничување на бројот на лица на семејни собири. Овие мерки би стапиле во сила до крајот на неделата.

Вирусот е многу проширен насекаде, рече Филипче, истакнувајќи дека значително се зголемува бројот на заболени, а болниците се исполнуваат.

Тој истакна дека се уште нема сместено пациенти во модуларната болница до Инфективната клиника, иако таа е целосно посготевна, кадарот е спремен, како и интернистите коишто доаѓаат по системот на ротација и медицинските сестри.

– Во болницата „8 Септември“ целокупниот персонал работи на оваа проблематика и интернисти и анестезиолози коишто работат заедно со инфектолозите. Веќе се исполнија инфективните одделенија во Струмица, понатаму во Куманово, Штип, почнува да се ангажираат капацитетите во болницата во Кочани. Нема место во болницата во Прилеп и уште едно крило е отворено во болницата во Битола во целиот овој регион, а забрзано се пополнува и капацитетот на болницата во Гостивар, рече министерот.

Тој им порача на граѓаните дека ситуацијата е навистина сериозна, дека следен чекор би бил целосно ограничување на движењето односно полициски час.

– Да смогнеме сили сите, затоа што ова е начинот, истакна Филипче, посочувајќи дека бројот на заболени се зголемува и во регионот и насекаде во Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.