Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека во последните неколку недели имаме буквална експлозија на корона вирусот, но не само кај нас, туку во Европа, но и целиот свет.
-Според податоци на СЗО, изминатата недела е забележан порас на починати за 46%, во споредба со претходната недела, истакна министерот Филипче, читајќи статистика од земјите од регионот.
– Има 11,8 милиони заболени во светот, пораст од 46 отсто на бројот на починати во Европа, секаде во светот, во регионот и во Европа состојбата е загрижувачка, дојде до експлозија на вирусот насекаде, рече министерот.
Тој го презентираше планот за обзбедување на дополнителни капацитети и во функција на лекувањето на болните од ковид-19 ќе биде ставена целата Клиника за интерни болести, почнувајќи од приземните кон горните катови.
Филипче истакна дека поради наплив на пациенти, Клиниката за интерни болести се претвора во Ковид центар. Филипче нагласи и при ова сценарио нема да се наруши и нормалното функционирање на овие болници.
-Целосно се пополнети капацитетите на Инфективната клиника, во модуларната болница, а празни места во моментов има во Центарот за белодробни болести. Интерната клиника иако ќе стане ковид-болница во неа ќе продолжат да се реализираат прегледите од Мој термин, нагласи министерот.
-Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Да се заглагодарм на сите здравствени работници за надчовечките напори. Знам дека се преморени, но верувам дека ќе одговориме на овој огромен здравствен предизвик. Бараме поддршка од сите, од медиумите, од граѓаните. Колку и да е повторено, клучот во битката е доследно почитување на мерките“, рече Филипче.
Тој додаде дека планот предвидува ако се исполнат овие 150 болнички кревети, ќе се помине кон Клиниката за ОРЛ и Очната клиника кои исто така ќе прераснат во ковид центри.
Филипче истакна дека по разговорите со комисијата за заштита од заразни болести, нема да има дополнителни рестрикции, но министерот апелира да се почитуваат мерките и да не се излегува непотребно од дома.
„Вирусот е широко распространет, и најмало невнимание може да значи инфекција. Имаме одлични мерки, и на утрснкиот состанок дополнителни мерки, дополнителни рестрикции не треба да се прават во моментов. Апелирам да се почитуваат сега мерките, да не се излегува од дома ако се нема потреба, само до маркет, работа или училиште… Само солидарни можеме да се справивме со кризата“, вели Филипче.