Медицинските екипи од Кочани и околните општини се целосно мобилизирани, а исто и тимот од Клиниките во Скопје доколку е потребна интервенција, потврди министерот за здравство Венко Филипче за НоваТВ.
-Досега вкупно пет пожарникари побарале медицинска помош, но се без изгореници или посериозни повреди. Примаат кислород, двајца се веќе пуштени дома, а останатите тројца наскоро ќе бидат пуштени исто така. Нема повредени граѓани и искрено верувам дека ќе остане така, информира Филипче.
-Будно се следи ситуацијата и институциите и сите екипи се во целосна координација, рече Филипче за НоваТВ.