Претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање во вториот круг од локалните избори.
Според досега обработените податоци покрај освоените 3 градоначалнички места во првиот круг, имаме победа во уште 3 Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Досега имаме 6 градоначалници. Очекуваме конечни резултати во уште неколку општини каде разликата е тесна. Им честитам на сите градоначалници од сите политички партии. Изминатите 2 недели во очи на вториот круг на изборите, се вршеше огромен притисок на сите кандидати на СДСМ во 17 општини каде влеговме во вториот круг. Не се бираа ниту средства ниту методи и тоа само говори дека се соочуваме со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ како во минатото која што ги злоупотребува сите институции кои им се под контрола. Согласно изборниот резултат за советничките листи бројот на гласови СДСМ е втора партија во земјата и прва во опозицискиот блок. Ова е поттик да продолжиме понатаму, силно да се бориме против оваа власт која никогаш повеќе нема да има таква поддршка каква што имаше на изборите минатата година. Овие избори се јасен патоказ за СДСМ и за мене како претседател на партијата. Јасно е какви промени политички и кадровски треба да се направат и наредните денови тоа ќе се случува, ќе има седници на извршниот и централниот одбор на кој што ќе ги обзнанам тие промени. Планираме и конгрес за да се дискутираат политиките за следниот период, рече Филипче.
Тој рече дека за оставка не размислува, затоа што е претседател на СДСМ само краток период од година и неколку месеци. Филипче смета оти она што е направено изминатата година е консолидација.
Но овие избори се дополнителен показател од кој ќе влечеме пораки и поуки за во иднина затоа што процесот продолжува силно да се бориме против оваа власт. Тоа што изминатиот период успеавме да ги разобличиме лажните политики на власта која изгуби 140 илјади гласови за само година ипол е делумно само наша заслуга, истакна тој.
Филипче потврди дека потпретседателката Ана Чупеска си поднела оставка и дека соработката со неа ќе продолжи во некоја друга форма. Според Филипче партијата треба да има реконструирано раководство во наредниот период,

