На венецискиот филмски фестивал филмот Филомена се појави како еден од фаворитите за наградата Златен лав, по негова успешна светска премиера на Лидо. Критичарите со страстни овации ја најавија “најдобрата реакција … после филмот “Говорот на Кралот” (The Kings Speech).
Филмот е приказна за една Иркиња, од работничката класа, Филомена Ли, како таа го бара синот кој и бил насилно одземен страна на монахињите, кои го водат манастирот каде што таа престојувала откако останала бремена.
Стив Коган, чија компанија Baby Cow е продуцент на Филомена, го глуми Сикссмит, екс ББЦ дописник и спин доктор на Даунинг стрит, додека Џуди Денч ја игра главната улога. Филмот е во режија на Стивен Фриарс, кој минатата година дојде во Венеција со филмот “”Кралицата (The Queen).
Извор: Гардијан