Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филмот “Фрутвил“ победник на фестивалот Санденс

0
By on January 28, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На фестивалот на авторски и независни филмови „Санденс“, кој заврши синоќа во Парк Сити, во Јута, САД, свечено беа доделени главните награди.

Во категоријата на играни филмови победи дебитантското остварување „Fruitvale“ на режисерот Тајан Куглер, кој ги доби главните награди и од публиката и од жирито, а во категоријата на документарни филмови победи „Blood Brother“ „ на Стив Хувер.

Филмот „Fruitvale“ е базиран на вистинска приказна за Оскар Грант, млад Афроамериканец кој бил убиен од полицијата. Тој имал само 22 години и полицаец го застрелал во грб на железничката станица во Оукленд во Калифорнија.

-Се работи за филм вешто реализиран, има силен емотивен набој и силно морално и општествено актуелен. Филм за секој кој барем за секунда си помислил дека филмовите немаат никакво влијание и не можат да го променат светот, изјави Том Ротман, еден од членовите на жирито.

Режисерот кој Куглер изјави дека е лично врзан со приказната бидејќи има исто години како и неговиот главен лик и потекнува од исто место.

Документарецот „Blood Brother“ го следи младиот Американец Роки Брат кој се преселил во Индија за да им помага на децата заболени од сида.

Наградата за најдобро сценарио на игран филм ја доби Лејк Бел за дебитантскиот филм “In A World”, а наградата за режија и’ припадна на Џил Соловеј за филмот „Afternoon Delight“.

На годинашниот „Санденс“ учествуваше и српскот филм „Кругови“ на Срѓан Голубовиќ.

Основач на фестивалот „Санденс“ е Роберт Редфорд, а прв пат се одржал во 1978 година. Минатата година го посетиле повеќе од 50 илијади посетители и е најголем фестивал на независен филм во САД. На „Санденс“ учествувале голем број, денес, најпознати режисери во светот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.