Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ кандидат за наградата „Лукс“ на ЕП

0
By Нова ТВ on July 24, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на режисерката Теона Митевска, по селекцијата во Берлин и успесите на неколку други филмски фестивали, влегува во трка за престижната награда „Лукс“ што ја доделува Европскиот Парламент.

Како што информира на денешната прес-конференција претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ е номиниран за наградата „Лукс“ заедно со шпанско-францускиот филм „Кралство“ на Родриго Сорогојен  и „Нерешениот случај Хамарскјолд“ на Мадс Бругер  во данско-норвешко-шведско-белгиска копродукција.

На прес-конференцијата беше истакнато дека „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, кој е снимен во копродукција со Белгија, Словенија, Хрватска и Франција, претставува „моќно филмско дело кое ја раскажува приказната за една жена која е дел од религиозна церемонија каде имаат пристап единствено мажите, чин што значително придонесува за феминистичката борба на оваа жена – најакутното социјално прашање на нашето време, кое е интензивирано на Балканот“.

Како што соопшти Агенцијата за филм ова е првпат во историјата на доделување на наградата „Лукс“ во конкуренција за нејзино освојување да биде и еден македонски филм.

– Радува фактот што македонската кинематографија годинава постигнува максимална видливост од нејзиното постоење до денес. Фестивалите во Берлин, Кан, Венеција, Санденс и Лос Анџелес станаа секојдневен дострел на македонските филмаџии, а одмерувањето со најдобрите филмски автори во Европа и светот веќе дури не не изненадува. Новата стратегија за развој на филмската уметност, за неполни две години даде фантастични резултати. Честитки за селекцијата за наградите „Лукс“ и се надеваме дека континуитетот на афирмација на нашата филмска уметност нема да застане тука, се наведува во соопштението на Агенцијата за филм.

Проекцијата на „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ ќе биде на претстојниот филмски фестивал во Венеција.

Инаку, темите што ги обработуваат трите филмови селектирани за наградата „Лукс“ ја претставуваат различноста и креативноста на европскиот филм. Во сите три дела е видлив широк спектар на филмски стилови, вклучувајќи документарен филм, социјална драма со елементи на комедија и политички трилер, каде жанровите и родовите се добро балансирани.

Идејата на филмската награда „Лукс“ е да се поддржи европската кинематографија и да им се помогне на европските копродукции да бидат видени надвор од националните рамки. Филмовите кандидати за „Лукс“ ќе бидат преведени на 24-те официјални јазици на Европската унија и ќе бидат прикажани во повеќе од 50 градови и фестивали во сите 28 земји членки на ЕУ.

Овогодишните филмски денови „Лукс“ ќе се одржат во соработката со канцелариите на Европскиот парламент и на МЕДИА програмата низ Европа, со цел поголема видливост и промоција.

На есен, новоизбраните членови на Европскиот парламент ќе бидат поканети да гласаат за еден од трите филма што се натпреваруваат. Победникот ќе биде објавен на 27 ноември на формално заседание на Европскиот парламент во Стразбур. Филмот победник, ќе биде дополнително обработен со прилагодување за лицата со оштетен вид и слух и ќе добие поддршка за меѓународно претставување.

Инаку, „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ беше селектиран за наградата „Лукс“ во првиот круг, заедно со уште девет европски копродукции, меѓу кои и филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

ВЕСТИ November 4, 2025

Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во…

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.